„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Македонските работници избраа – најмногу сакаат да работат во „Алкалоид“. Според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“, фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ претставува најпосакуван работодавец, односно најголем број од испитаниците го фаворизирале и го посочиле за градење на успешна кариера. Дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“.

На манифестацијата „Работодавец на годината“, наградата му беше врачена на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов.

Наградите за најпосакуван работодавец се доделуваат врз база на три критериуми: бројот на посети на огласите и на објавите на сајтот „Вработување.ком“, покажаниот интерес од апликантите и јавното анкетно истражување.

На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а „Алкалоид“ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата „Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија“.

Image
Newsletter