Америка дефинитивно оди во рецесија, објави Блумберг

Рецесија во Америка

Американската економија 100 отсто оди кон рецесија во следните 12 месеци, според економскиот модел смислен од двајца економисти на Блумберг врз основа на 13 неодредени финансиски показатели.

Ова е во целосна спротивност со пораките на американскиот претседател Џо Бајден во пресрет на изборите во ноември, пренесува Индекс.

Таа прогноза е многу лоша вест за Бајден, кој тврди дека САД ќе избегнат рецесија и дека ако се случи, ќе биде блага. Со ова тој сака да ги увери граѓаните дека економијата добро оди под неговата администрација. Но, зголемувањето на каматните стапки и инфлацијата ги демантираат неговите тврдења.

Економијата е главното политичко прашање за Американците во моментов, покажуваат анкетите. Информациите дека САД ги очекува рецесија ќе им наштети на демократите, ќе го ослабне влијанието во Сенатот и во Претставничкиот дом, а со тоа и на самиот Бајден.

Иако податоците за вработеноста се многу добри, зголемената инфлација сè уште е најголемата грижа на просечниот граѓанин на САД.

Image
Newsletter