Црна Гора е со оптимстички предвидувања за бројот на гости за ова лето. Министерот за економски развој и туризам, Горан Ѓуровиќ, објави дека во јуни земјата ја посетиле 39.000 туристи, а овие бројки според него најавуваат успешна сезона. Тој смета дека по фантастичната претсезона, сезоната почнала одлично и дека така ќе биде до крајот на летото.
„Велат дека имаме околу 39.000 гости, што е за 74% повеќе од истиот период лани, а за 3% повеќе од 2019 година. Одиме да соборуваме рекорди, одиме кон подобра година од рекордната 2019 година“, порача Ѓуровиќ. Тој рече дека очекуваат гости од целиот свет. „Очекуваме гости од Запад, од скандинавските земји, од регионот. Бев во Србија и поканив гости. На сите од регионот им порачувам – добредојдовте во Црна Гора“, рече Ѓуровиќ.