Дури 38 илјади Европејци не можат да си дозволат да одат на годишен одмор

Работат напорно, но немаат пари за годишен одмор

Над 38 милиони вработени граѓани од европските земји не можат да си дозволат ниту седум дена одмор, покажуваат податоците на Европската конфедерација на синдикати.

Сѐ поголем е бројот на граѓани што се жалат дека едвај врзуваат крај со крај поради зголемените трошоци за живот и дека не можат да си дозволат ниту 7 дена одмор.

Во 2019 година бројот на земји во кои граѓаните не можеле да си дозволат годишен одмор поради финансиски причини бил половина, а оваа година е зголемен на 11 земји.

Еве дел од земјите и бројот на граѓани според податоците на Европската конфедерација на синдикати:

Италија – 8 милиони,
Шпанија – 4,6 милиони,
Франција – 4,1 милиони,
Романија – 3,9 милиони
Грција – 1,6 милиони.

Image
Newsletter