Милијардерот Насер Абдел Латиф, сопственик на најскапите хотели во Египет, планира да инвестира стотици милиони евра во Србија. Неговите соработници веќе ги бараат најдобрите локации во Шумадија и на југот од Србија на кои би се граделе луксузни хотелски комплекси со приватни вили.
Инаку Абдел Латиф е еден од најголемите египетски инвеститори во туризмот. Поседува четири хотели под светскиот бренд „Риксос“, а неодамна потпиша договори со синџирите на хотели „Риц Карлтон“ и „Мериот“. Сѐ уште не е официјално објавено која од овие франшизи ќе дојде во Србија, но познато е дека фокусот на групацијата „Латиф груп“ се долгорочни инвестиции и развој на туризмот, претежно резиденцијален, каде што се градат големи ресорти и туристички одморалишта со приватни вили и со разни придружни објекти.
Веста за познатиот египетски милијардер прв ја објави белградскиот муфтија Мустафа Јусуфспахиќ, кој со делегација од Ниш го посети Шарм ел Шеик, каде што потпишаа договор за соработка меѓу двата градови.
„Еден од најголемите, а можеби и најголемиот инвеститор од Египет, Насер Абдел Латиф, покажа дека е многу заинтересиран да инвестира во Србија. Неговата работа е да инвестира, а Србија покажа дека е вредна за инвестиции и дека бизнисот во нашата земјата е многу профитабилен“, порача муфтијата.
Насер Абдел Латиф има хотели во Шарм Ел Шеик, Хургада, Каиро, Александрија и Суец.