Кризата најмногу удри по житарките, јајцата и млекото. Овие производи имаат највисоко зголемување минатата година. Според официјалните податоци од Еуростат, житарките се зголемиле за 45%, јајцата за 43%, млекото за 31%.
Зголемување на цените е забележано во сите групи производи, со исклучок на овошјето, чии цени паднаа за 3%.
Најголема причина за растот на цените е војната помеѓу Русија и Украина, оценува Еуростат.
Првично стартуваа високите цени на нафтата, потоа електричната енергија кои донесоа висока инфлација во речиси сите земји низ светот. Вртоклавиот раст на енергенсите, затвори многу бизниси а останатите компании за да го издржат ударот постепено ги зголемуваа цените на производите. Со цел, заштита на доволно храна на населението, голем број на земји донесоа мерки за забрана на извоз на одредени производи. Тоа дополнително допридонесе со отежнување на домашниот буџет на едно семејство.
Еуростат посочува дека кризата ќе се продлабочува особено бидејќи се зголемени цените и на основните продукти за производство на храна.
Ѓубривата и подобрувачите на почвата поскапеа за 87%, енергијата и лубрикантите за 59%.
И на крај Еуростат за клучува дека цените на житариците, јајцата и свежото млеко пораснаа најбрзо минатата година во Финска, Франција и Латвија.
Просечниот пораст на цените на житариците се движел од 33% во Австрија и Холандија до 70% во Финска, јајцата од 6% во Луксембург до 76% во Франција и откупните цени на млекото од 3% во Кипар до повеќе од 50% во Белгија, Литванија, Унгарија и Латвија.