Илон Маск, Бил Гејтс, Џејми Димон, Кен Грифин предвидуваат рецесија на американската економија пред крајот на следната година. По бранот аларми што го кренаа финансиските институции и извршните директори, Централната банка на ФЕД почна да се бори против високата инфлација со нагло зголемување на клучните каматни стапки.
Еве ги нивните изјави:
Илон Маск: Рецесијата е „неизбежна во одреден момент“ и веројатноста тоа да се случи во догледна иднина е поголема отколку да не се случи.
Бил Гејтс: Коосновачот на Мајкрософт сподели слично мислење во интервјуто со Фарид Закари во минатиот месец, кога рече дека се согласува со оцената дека светот се движи кон економско забавување во „блиска иднина“ поради пандемијата и руската инвазија на Украина.
Карл Ичан: Милијардерот-инвеститор, исто така, предупреди на рецесија „или на нешто уште полошо“, во интервју за Си-ен-би-си во март обвинувајќи ја високата инфлација. Тој изрази сомнеж дека ФЕД ќе може да „инженира меко приземјување“ односно дека економијата ќе може да стигне од бавен до рамномерен раст за да се избегне рецесија.
Џејми Димон: Извршниот директор на ЈП Морган предупреди на економски „ураган“ поттикнат од конфликтот во Украина и од високата инфлација, изјавувајќи дека неговата банка се подготвува за „лоши исходи“.
Кен Грифин: Основачот и извршен директор на Цитадела во мај рече дека ако стапката на инфлација остане околу 8,5% како што е сега, ФЕД ќе мора „прилично да ги притисне сопирачките“ со туркање на економијата во рецесија.
Гери Фридман: Извршниот директор за малопродажба на мебел во Хрватска, се потпира на филмот „The Big Short“ и рече дека американската економија се соочува со еден од најтешките периоди од Големата рецесија во 2008 година. Тој го истакна ова во кварталниот извештај за заработката на неговата компанија.