Франција ги забранува светлечките реклами во случај на проблеми со струја

Франција издаде регулатива за забрана на сите светлечки реклами

Франција издаде забрана за користење на светлечки реклами во случај на „закана за безбедноста на снабдувањето со електрична енергија“. Како дел од напорите за зачувување на енергијата поради стравувањата од недостиг од снабдување, француското Министерство за транзиција на животната средина издаде нова регулатива. Претходната регулатива, објавена на почетокот од октомври, предвидуваше целосна забрана за ноќно рекламирање од еден до шест часот наутро, со исклучок на аеродромите, железничките станици или метро-станиците. Последната мерка се однесува на сите реклами, вклучително и оние на аеродромите, железничките станици и на станиците за јавен превоз, но без „загрозување на целите на јавната безбедност, националната одбрана и на безбедноста на клучните објекти“. Тоа важи и за внатрешното рекламирање ако е видливо од улица.

Image
Newsletter