Германија ја зголемува работната саатница

Германија ја зголемува работната саатница

Почнувајќи од 1 октомври 2022 година, во Германија минималната саатница ќе изнесува 12 евра, одлучи Бундестагот, со поддршка на владеачката коалиција на социјалдемократите, зелените, либералите и левицата.

Воздржани беа членовите на Конзервативната христијанско-демократска унија, како и членовите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија.

Инаку во моментов, во Германија најниската саатница е 9,82 евра за час, бруто. Од јули ќе се искачи на 10,45 евра. Во исто време, минималната плата за помалку работни часови, за таканаречените мини работни места, изнесува 450 евра. Со новата одлука таа се зголемува на 520 евра.

Во Германија околу 6,2 милиони вработени работат за саатница пониска од 12 евра. Во кампањата за изборите во септември во изминатата година, зголемувањето на минималната плата беше едно од главните ветувања на канцеларот Олаф Шолц.

Но, многу пратеници предупредија дека сегашната експлозија на цените ја загрозува егзистенцијата на многу граѓани.

Здружението на работодавачи БДА уште порано го критикуваше зголемувањето на минималната плата. „Владата не го почитуваше договорот што го постигнавме во 2015 година, кога беше формирана комисијата за минимална плата“, изјави претседателот на БДА, Рајнер Дулгер.

Image
Newsletter