Работата и посветеноста на наставниот кадар и на студентите доби интернационално признание во рамки на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад. По наградата пред 16 години на тогашниот УТМС, Универзитетот Скопје повторно годинава доби „Гран при“, и тоа на јубилејот 100 години од постоењето на Новосадскиот саем. Признанието за развој и едукација од областа на туризмот го подигна ректорот Миленковски на свечена церемонија во Нови Сад на почетокот на месецов.
На штандот на Универзитетот Скопје во рамките на Саемот за туризам, на посетителите им беа претставени факултетите, наставните програми и можностите за студирање на Универзитетот, додека со излагачите се остварија повеќе средби како основа за идна меѓународна соработка. Можностите за студирање на Универзитетот беа претставени и пред камерите на покраинската телевизија Радио-телевизија „Војводина“ и на неколку локални медиуми.
Саемската манифестација заврши успешно со остварени многубројни контакти за идна соработка.