Хрватска во јули ја посетија 4,5 милиони туристи

Хрватска во јули ја посетија 4,5 милиони туристи

Во земјата во јули престојувале повеќе од 4,5 милиони туристи. Домашните и странските туристи оствариле вкупно 29,4 милиони ноќевања во земјата. Од нив најмногу престојувале гостите од Германија, кои оствариле вкупно 5,3 милиони ноќевања. Зад нив се тие од Словенија со 3,7 милиони, од Чешка со 2,4 милиони, од Полска со 2,2 милиони и од Австрија со 2 милиона ноќевања.

По региони, најголем број туристи имало во Истра – 7,9 милиони, потоа во сплитско-далматинскиот регион – 5,6 милиони ноќевања, а по кој следува приморско-горанска жупанија со 5,3 милиони ноќевања.

Во однос на дестинациите, најмногу туристи имало во Ровињ, Вир, Медулин, Пореч, Умаг и Дубровник.
Најмногу туристи избрале апартмани за сместување, односно објекти за домаќинство, а помалку кампови и хотели.

Image
Newsletter