Просечната нето-плата продолжува со номиналното зголемување, но со оглед на инфлацијата што постојано расте, таа вреди помалку од лани, пишува мултимедиската платформа „N1“, ексклузивниот партнер на „CNN“.
Според последните податоци на државниот завод за статистика на Хрватска, просечната плата за околу 1,38 милиони вработени во земјата за јуни изнесувала 7.690 куни или околу 1.000 евра. Тоа е за 143 куни или 1,9% повеќе од претходниот месец, додека во споредба со истиот период лани претставува покачување од 8,2% или 586 куни. Оваа плата им е исплатена на поголем дел од граѓаните во државата. Според податоците на хрватскиот Државен завод за статистика, од близу 700.000 луѓе, половина земаат 6.490 куни (околу 860 евра), а другата половина над тоа. Иако просечната плата е зголемена како на месечно така и на годишно ниво, сепак таа реално се гледа според растот на цените односно животните трошоци. Особено ако е познато дека има голем број граѓани што заработуваат најмногу до 4.182 куни (околу 550 евра), а околу 280.000 луѓе помалку од 6.000 куни (околу 800 евра), ова значи дека само 10% од вработените заработуваат 11.900 куни или околу 1.500 евра нето-плата.