Завршил средно фискултурно, но неговата желба да стекне нови искуства и знаења од други сфери, биле мотив да се запише на Универзитетот Скопје. Иван Андонов дипломирал во 2012 година на тогашниот Факултет за Туризам и менаџмент. Вели дека е презадоволен од наставата и односот на професорите кои имале разбирање за неговата спиортска кариера. Андонов кој игра на позицијата среден блокер има настапи за најдобрата македонска одбојкарска репрезентација.Тој е помеѓу искусните играчи во националниот шампионат, го носи репрезентативниот дрес од 2006 година.До сега беше член на клубови шампиони во Македонија и други балкански земји вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Сега е дел од одбојкарскиот клуб „Весна Пробиштип“, од неговиот роден град.
По завршувањето на кариерата секој спортист размислува што понатаму, каде и како ќе продлжи со работа. Вие завршивте средно фискултурно, зошто факултетското образование не го продолживте во тој смер?
-Уште сум активен спортист, но по завршување на мојата одбојкарска кариера, би сакал да бидам успешен и во работата подоцна. Дали тоа ќе биде нешто во спортот или некоја друга дејност, не сум решил. Завршив средно фискултурно, но не сакав да продолжам таму. Сакав да пробам и да почнам да учам нешто друго.
Андонов во акција.
Вашиот избор беше Универзотетот Скопје, отсек туризам. Кој беше мотивот да се запишете и да ја стекнете оваа диплома?
- Пред да завршам средно образование, многу слушав за Универзитет Скопје. Во тоа време беше Универзитет за Туризам и Менаџмент. Ми звучеше примамливо и интересно. Слушнав на кој начин се одвива наставата и дека има многу добри професори. Ми беше презентирано што нуди дипломата и колку таа е признаена во Македонија и надвор од земјата. Токму ова беше мотивот да се запишам на Универзитет Скопје.
Како да се усогласат студиите и спортот. Прашање кое ги мачи сите спортисти. Од една страна секојдневни напорни тренинзи, натпревари во текот на неделата. Слободните мигови се резервирани за одмор. Кога учевте?
- Да бидам искрен, многу е тешко. Знам дека секој професионален спортист го има тој проблем, но со правилно користење на слободното време и времето кое е одредено за работа на тренинзи и учење, може да се завршат сите обврски. Малку е потешко, но се успева.
Прва година бевте редовен студент. Какви се искуствата од тој период? Кои предмети уживавте да ги слушате и учите?
- За мене тоа беше нешто ново. Нов почеток, нови познанства, нови професори, нови другари, другарки. Кои не беа само скопјани, туку и колеги од факултет. Уживав во сите предмети. Но, би го издвоил предметот географија. Тој ми беше омилен.
Каква беше релацијата со професорите. Колку тие имаа разбирање за вашите обврски поврзани со одбојката?
- Мојата релација со професорите беше едноставна, но со многу разбирање.
Имавме отворена комуникација. Кога имав клубски обврски, немаше проблем слободно да ги извршувам. Но, затоа им возвраќав со почит и со учење.
Иван Андонов, одбојкар.
Кариерата ве однесе во повеќе земји. На кој начин успевавте да ги подготвувате испитите и да полагате?
- Првпат пред да заминам надвор од Македонија, седнавме и се договоривме сите обврски спрема Универзитетот да бидат онлајн. Во тоа време со мене немав лап топ па тренерот ми го позајмуваше за да слушам предмети и за да полагам.
Дипломиравте во 2012 година. Планирате ли да ја надополните вашата едукација со магистратура. Што би одбрале, кој смер?
-Помина многу време, не сум размислувал за магистратура. Но, сепак кога виеќе сум пред крај на мојата кариера, би било добро да запишам и магистратура на Универзитет Скопје.
Андонов заедно со соиграчите од македонската репрезентација.
Зошто на младите спортисти би им го препорачале за студии Универзитетот Скопје. Кои се предностите, кои би им го олеснале начинот на студирање, од една страна да стекнат знаење а од друга да не се под притисок поради тежината да се биде професионален спортист?
- На младите спортисти би им го препорачал Универзитетот Скопје затоа што истиот нуди многу можности. Можност да бидат дел од најдобриот Универзитет во Македонија. Да го завршат Универзитет без никаков притисок од професорите и со нивно разбирање за спортските обврски. Да станат успешни спортисти, професионалци, кои со добро залагање можат да бидат и стипендирани од Универзитет Скопје.
Иван Андонов со семејството.
Лани македонската одбојкарска репрезентација во првата фаза играше пред својата публика во Скопје. Остварите голем успех - -првпат влеговме во втора фаза на Европско првенство. Какви се импресиите?
-За прв пат ја имавме таа привилегија да бидеме организатори и домаќини на групна фаза од Европско Првенство. Тие десет дена беа празник за одбојката и за спортот во Македонија. Тоа беше голем спортски настан, којшто се емитуваше и беше гледан од цела Европа и светот. Настан на кој беше присутен европскиот одбојкарски крем, имаше натпревари од високо ниво. Одбојка за уживање ни приредија најдобрите репрезентации и играчи во Европа. Ние уживавме во добри и квалитетни натпревари, публиката и атмосферата беа фантастицни. Моменти за кои секој професионален спортист живее и тренира.
Иван Андонов со девојката.
Играте за „Весна Пробиштип“, се вративте во родниот град да му помогнете на клубот. Како ви изгледа едно секојдневие?
-По кратки преговори со управата, се вратив во мојот град и потпишав за клубот од Пробиштип. Моето секојдневие се состои од утрински тренинг во фитнес и потоа попладне во сала. Слободното време го користам за одмор со фамилијата, да бидам повеќе со нив. За разговор со мојата девојка и за уживање во убаво и вкусно кафе.