Авантурите за 83-годишниот јапонец Кеничи Хори не завршуваат. Тој на почеток на јуни успеаа да се врати дома, откако сам го помина Пацификот со непрекинато патување. Со овој подвиг, тој стана најстариот човек што го направил тоа, пренесува Ројтерс.
Хори впловил во морето Ки во близина на западниот брег на Јапонија, завршувајќи го своето патување преку Пацификот за 69 дена.
На патувањето тргнал во март годинава, кога го напушти пристаништето за јахти во Сан Франциско.
Инаку Хори во 1962 година стана првиот човек во светот што успешно го завршил независното непречено патување низ Пацификот, од Јапонија до Сан Франциско.
Шеесет години подоцна, со својата едрилица „Suntory Mermaid III“, тој ја помина истата рута во спротивна насока.
Хори е познат по своите авантури и голем број други независни патувања на долги растојанија. Тој во 1974 година пловеше низ светот.