Јапонија по повеќе од 2 години, ги отвора границите за туристи, но ќе бидат под будно око. Властите соопштија дека овој месец ќе започнат со спроведување на таканаречен ,,тест-туризам“ со ограничени пакет-аранжмани. Тие очекуваат гости од четири земји, но со примена трета доза, и тоа од САД, Австралија, Тајланд и од Сингапур.
Иако туризмот беше главна гранка во јапонската економија, земјата од 2020 година е затворена за туристи уште од самиот почеток на епидемијата со вирусот Ковид-19.
Досега строгите регулативи не важеа само за влез на студенти и на деловни патници. Но, тоа не важеше за туристите. Посетите за нив останаа забранети и покрај барањата на туристичките субјекти, за рестарт на дејноста, токму кога јенот е на најниско ниво во последните 20 години. Aгенцијата за туризам соопшти дека ќе почне да дозволува „пробен” влез за мали групни тури, да се види како тоа ќе се одрази врз епидемиолошката ситуација пред целосно отворање на земјата за туристи, што сѐ уште како датум не се соопштува.