„Ролс Ројс“ во историска промена. Тестира дали може авион да работи на водород. На воена локација во Солсбери, на мал авион со млазен мотор се вршат тестови што еден ден би можеле да доведат до огромни промени во воздухопловната индустрија. Се работи за гасна турбина „Rolls-Royce AE-2100A“, дизајн што се користи во најголем дел од регионалните авиони низ светот. Тестовите се спроведуваат од „Ролс Ројс“, заедно со авиокомпанијата „Изи џет”. Целта е да се докаже дека млазен мотор може да користи водородно гориво наместо конвенционално гориво за авијација, а со тоа да се намали загадувањето, велат од компанијата.
Проектот е поддржан од „Изи џет“, кој досега финансирал неколку милиони фунти за првичните испитувања. Компанијата верува дека преку новата технологија со водородната енергија значително ќе се намалат штетните емисии што ги прави авијацијата на кратки дестинации.
„Почнавме пред неколку години да гледаме што може да ги напојува авионите на иднината“, објаснува Дејвид Морган, главен оперативен директор на „Изи џет”.
Овие први тестови, еден ден може да значат значителни промени во авиоиндустријата.
„Досегашните тестови покажаа дека млазен мотор што користи водород може да се вклучи и да работи со мала брзина. Но, за да може безбедно да напојува патнички авион, ќе бидат потребни многу повеќе истражувања, но и значителна инвестиција. А и авионите, исто така, ќе треба да бидат редизајнирани, објаснува Алан Њуби, директор за воздушна технологија во „Ролс Ројс“.