Зголемен е бројот на новоосновани компани со странски капитал за 23,3%
Кинеската економија оствари раст од 8,1% во годината погодена од корона вирус. Во 2021 година растот на бруто домашниот производ по глава на жител бил 8%, објави Националното биро за статистика.
„Кинеската економија издржа повеќекратни домашни и меѓународни притисоци во 2021 година и постигна економски раст од 8,1 отсто и раст на БДП по глава на жител од осум отсто“, објавено е во Статистичкиот билтен за национален економски и социјален развој за 2021 година. Придонесот на економскиот раст на Кина во светската економија достигна околу 25%.
Вкупниот обем на узвоз и извоз на стоки во и од Кина е зголемен за 21,4% во однос на претходната година и претставува петгодишен светски рекорд во трговијата со стоки.
Во 2021 година бројот на новоосновани компании со странски капитал во Кина достигна 61.000, што е зголемување за 23,3 отсто во однос на претходната година.