Кој колку плаќа? „Google“ кешира највисока плата

Кој колку плаќа? „Google“ кешира највисока плата

„Google“ и „Facebook“ им делат највисоки плати на своите вработени. Според последните објавени податоци, „Google“, кој во моментот има околу 156.500 вработени низ целиот свет, во 2021 година исплатил просечна годишна плата од 295.884 долари или 8% повеќе отколку во 2020 година. Нешто пониско исплаќа „Facebook“. Просечната годишна плата што компанијата ја исплатила е 292.785 долари и е за 11% повеќе од претходната година. Компанијата на Марк Цукерберг има речиси 72.000 вработени, информира „iproup.com“.

На листата составена од ТОП 10 компании се наоѓа и актуелниот „Twitter“. Тој плаќа просечна годишна плата од 232.626 долари, за 13% повеќе отколку во 2020 година.

За разлика од останатите компании на листата, „Netflix“ во 2021 година исплатила плата пониска за 8% во споредба со 2020 година. Годишната просечна плата на компанијата изнесува 201.743 долари. Оваа компанија брои 11.300 вработени.

„Apple“ има околу 154.000 вработени, а исплатил просечна плата од 68.254 долари во 2021 година, што е за 18% повеќе отколку во 2020 година.

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, има повеќе од 1,6 милиони вработени низ светот. Тој во 2021 година исплатил просечна годишна плата од 32.855 долари, 13% повисока од 2020 година.

Основачот на „Tesla“, Илон Маск, исплатил просечна годишна плата од 40.723 долари, за 12% пониска од 2020 година. Тој воедно најави дека годинава планира да отпушти 10% од работниците во компанијата.

Image
Newsletter