Куната заминува во историјата: во Хрватска настапува еврото

Куната заминува во историјата: во Хрватска настапува еврото

По цели 28 години, хрватската куна заминува во историјата. Од Нова Година, таа е заменета со евро, а повеќе од 500 милиони банкноти и околу 5.200 тони монети се испратени во машните за сечење и топење. Хрватската валута беше воведена на 30 мај во 1994-тата година.

По замената на еврото, Централната банка пушти иста количина на пари во оптек како и претходно додека куната беше национална валута на државата. Во изминатите месеци, бизнис заедницата заедно со граѓаните пуштиле 30 милијарди куни во оптег, а според хрватските аналитичари тоа е последица на инфлацијата која го поттикнала народот да ги троши штедените пари.

Повлекувањето на вишокот куни од страна на Централната Банка почна во септември минатата година, веднаш по туристичката сезона а ќе продолжи постепено во текот на следните години. Централната банка на Хрватска извести дека рокот на хартиени банкноти е неограничен додека рокот на монети е три години.

Хартиените евро банкноти имаат уникатни мотиви, а монетите, покрај уникатната страна, имаат и национални мотиви на задната страна.Хрватските апоени од еден, два и пет центи имаат натпис HR на глаголица, на 10, 20 и 50 центи има слика на Никола Тесла, а на двете евра карта на Хрватска.

Инаку Од централната банка велат дека бројот на фалсификувани куни е релативно мал, значително помал од фалсификувањето на евра. На пример, во 2019 година биле фалсификувани вкупно 506 парчиња банкноти, во 2020 година 157 парчиња, а во 2021 година 198 парчиња банкноти куни.За разлика од еврото, когаво 2019 година биле фалсификувани 4.280 парчиња банкноти, во 2020 година 237, а во 2021 година 228 парчиња банкноти евра.

Image
Newsletter