Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека планира да купи 17 патнички и товарни авиони Боинг за речиси шест милијарди долари по каталошки цени, за да ја модернизира својата флота и за да ја задоволи големата побарувачка за превоз на товар.
Компанијата ќе купи седум патнички авиони 787-9 и десет товарни авиони 777, се вели во соопштението. Информациите за цената не се објавени.
Патничките авиони ќе ја чинат Луфтханза околу 2,05 милијарди долари, а товарните околу 3,9 милијарди долари.
Во исто време, Луфтханза планира да ги продолжи договорите за закуп на два товарни авиони Боинг 777 F до 2024 година, соопшти компанијата.
Компанијата годинава очекува нето-инвестиции од околу 2,5 милијарди евра.