Мајка и некогаш успешна претприемачка, сега снајперистка: „Наместо кукли, татко ми ми даде оружје“

Евгенија Емералд

Бројот на жени во украинската армија секојдневно расте, моментално ги има повеќе од 40.000. Евгенија Емералд (31) е снајперистка на полкот на специјалните сили на НПУ „Сафари“ и единствената жена во машкиот тим. Евгенија до 24 февруари беше успешен претприемач на накит. По руската инвазија, таа ниту за момент не се посомневала во својот избор, бидејќи уште додека студирала на воениот оддел, самоуверено изјавила дека ќе ја брани својата земја во случај на војна. Нејзината 10-годишна ќерка е горда на својата мајка и ја смета за суперхерој, пишува украинскиот Ел.

Мојот покоен татко постојано се подготвуваше за војна, цел живот веруваше дека ќе има војна со Русија, цело време купуваше храна која долго време не се расипуваше, тој имаше голема залиха оружје и муниција. Наместо кукли, тој ми даваше униформи и оружје. Се подготвувам за битка уште од детството“, рече таа во интервју за Ел.

Image
Newsletter