Македонија со летен ред на летање

Македонија со летен ред на летање

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните, ќе има и сезонски и чартер-летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер-летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата „Ер Србија“ ќе почне да лета на релација Белград – Охрид – Белград, информираат од ТАВ Македонија.

Со летниот ред на летање што стапи во сила, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, на Меѓународниот аеродром во Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Со „Виз ер“ ќе се лета до: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон.

Од ТАВ најавуваат нови атрактивни дестинации. | Извор: ladderpoint.com

Од ТАВ најавуваат нови атрактивни дестинации. | Извор: ladderpoint.com

На дестинациите Атина и Сараево ќе се лета со „Ејџијан ерлајнс“, Белград со „Ер Србија“, Виена со „Аустријан ерлајнс“, Цирих со „Чаир ерлајнс“ и со Еделвајс, Загреб со „Кроација ерлајнс“, Женева со „ИзиЏет“, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со „Луфтханза“, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со „Пегасус ерлајнс“, Анталија и Измир со „СанЕксперс“, Истанбул (IGA) со „Туркиш ерлајнс“.

„Сезонските и чартер-летовите од Скопскиот аеродром во текот на летната сезона во 2024 година, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите –,Анадолу џет‘, ,AMЦ Ерлајнс‘, ,БиХ Ер‘, ,Фрибрд‘ и ,Новелер‘“, најавуваат од ТАВ Македонија. Велат дека се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром. Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со сообраќање до нови атрактивни дестинации. Истакнуваат дека она што може да се најави во овој момент е очекувањето „Ејџијан Ерлајнс“ да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром како сезонска авиолинија до грчки остров.

Image
Newsletter