„Македонско село“ го враќа стариот сјај

„Македонско село“ го враќа стариот сјај

Комплексот „Македонско село“ повторно ја раскажува приказната за Македонија

Комплексот „Македонско село“ повторно ги отвори портите за посетителите и го врати стариот сјај, по седум години запуштеност и негрижа од страна на надлежните институции.

Објектот се најде на туристичката и на културната мапа на Македонија, а жителите од Скопје, но и од целата држава, можат да уживаат во убавините на овој центар на културата, автентичната архитектура и македонската традиција.

Комплексот се наоѓа под зелените падини на Водно, на само неколку километри од урбаното срце на Скопје. Овде времето тече побавно, а културното наследство дише низ секој камен. „Македонско село“ е еден од најавтентичните обиди да се зачуваат, да се прикажат и да се оживеат македонската традиционална архитектура, занаетчиство и начин на живот.

Секој објект е уреден во духот на традиционалната македонска архитектура. | Извор: АППТМ

Во рамките на комплексот се наоѓа и традиционална кујна која нуди автентични македонски јадења.

Музеј на отворено

Кога ќе зачекорите низ дрвената порта на „Македонско село“, чувството е како да сте ја преминале границата меѓу два света. Овде нема модерен бетон, ниту стакло – само камени ѕидови, дрвени чардаци и калдрмени патеки што водат низ 12 автентични куќи од различни региони на Македонија – од Берово, Прилеп и Кратово, до Галичник, Велес, Тетово, Битола, Крушево, Охрид и други.

Секој објект е уреден во духот на традиционалната македонска архитектура со цел да се зачува културното наследство и да се доближи до посетителите преку гастрономија, занаети, уметност и етносодржини.

Секоја куќа е вистинска реплика на традиционален дом, со детали што го доловуваат начинот на живот на македонското селско семејство од минатото. Внатрешноста е опремена со рачно изработени предмети, дрвени ковчези, икони, черги и фурни. Овде не ја гледате историјата – туку ја чувствувате.

Во рамките на комплексот се наоѓа и традиционална кујна која нуди автентични македонски јадења.

Во рамките на комплексот се наоѓа и традиционална кујна која нуди автентични македонски јадења.

„Македонско село“ не е само туристичка атракција или музеј. Комплексот нуди сместување во автентични куќи, со можност за преноќување.

„Македонско село“ не е само туристичка атракција или музеј. Комплексот нуди сместување во автентични куќи, со можност за преноќување.

Место за престој, едукација и за инспирација

„Македонско село“ не е само туристичка атракција или музеј. Комплексот нуди сместување во автентични куќи со можност за преноќување во тишината на природата. За ученици и студенти се организираат образовни тури и работилници. За уметници – инспирација. За странци – доживување на македонската култура. За локалните посетители – потсетник на корените.

Освен за прошетка и за уживање, овде се организираат и прослави. Под сенките на старата архитектура и меѓу шепотот на природата, секоја свеченост, од мала до голема, добива автентична магија. „Тука прославата станува доживување“, истакнуваат концесионерите.

Ако сакате да преноќите во автентичниот македонски традиционален амбиент, да се разбудите со звукот на природата и да уживате во мир, свеж воздух и погледи кон Скопје какви што ретко се гледаат, тогаш овој комплекс е вистинското место за вас.

Посебно место во комплексот имаат занаетчиските работилници. Овде мајстори работат со кожа, глина, дрво, волна и бакар, пред очите на посетителите. Може да научите како се ткае на разбој или како се прави традиционален накит.

Ткаените појаси, везените детали, резбата, срмата, современиот накит и грнчаријата не се само сувенири – тие се дел од македонската историја, култура и идентитет.

Ткаените појаси, везените детали, резбата, срмата, современиот накит и грнчаријата не се само сувенири – тие се дел од македонската историја, култура и идентитет.

„Еснаф“: „Од нашите полици туристите купуваат богатство од автентични и уникатни парчиња.“

„Еснаф“: „Од нашите полици туристите купуваат богатство од автентични и уникатни парчиња.“

„Еснаф“ – мал универзум и приказна која се носи

Како дел од комплексот се издвојува и дуќанот „Еснаф“, кој успешно ја раскажува приказната на македонските занаети. Оттаму велат дека нивната мисија е да се зачува приказната за ракотворството. Туристите купуваат сувенири кои се дел од македонските историја, култура и идентитет, а посебна гордост се креативните работилници.

„По само еден месец од отворањето на продавницата ‘Еснаф’ во комплексот ‘Македонско село’ – Скопје, имавме огромна чест и одговорност да ги претставиме македонската култура и традиција преку најдоброто што го создаваат нашите занаетчии. Нашата мисија е јасна и успешна – да ја зачуваме приказната на ракотворството и да ја пренесеме во современиот свет, без да ја изгуби својата душа. Од нашите полици туристите купуваат богатство од автентични и уникатни парчиња – почнувајќи од винтиџ предмети создадени од нашите баби, внимателно обновени и претворени во современи модни додатоци, па сè до целосно рачно изработени производи со техники што се пренесуваат од генерација на генерација. Ткаените појаси, везените детали, резбата, срмата, современиот накит и грнчаријата не се само сувенири – тие се дел од македонската историја, култура и идентитет. Голема гордост ни се и нашите креативни работилници, создадени специјално за туристите кои сакаат да ја доживеат Македонија преку сопствено творење. Нашата работилница за сликање грнчарија е омилена – гости од цел свет ја понесоа со себе – не само барденца, опинчиња и ќупчиња, туку и незаборавно искуство и приказна за раскажување. ‘Еснаф’ активно соработува со туристички агенции, создавајќи уникатни програми и занаетчиски работилници за организирани групи и индивидуални посетители. Сакаме секој гостин, без разлика од каде доаѓа, да почувствува дека е дел од нашата култура, да научи за традиционалните техники и да ја понесе Македонија во своето срце. Денес, можеме со гордост да кажеме дека ‘Еснаф’ е срцето на ‘Македонско село’ – место каде традицијата живее, се прераскажува и патува низ светот преку ракотворствата и приказните на нашите занаетчии“, велат од „Еснаф“.

Работилница за сликање грнчарија е омилена – гости од цел свет понесоа со себе не само барденца, опинчиња и ќупчиња, туку и незаборавно искуство.

Работилница за сликање грнчарија е омилена – гости од цел свет понесоа со себе не само барденца, опинчиња и ќупчиња, туку и незаборавно искуство.

„Македонско село“ може да стане репер за етнотуризам на Балканот

Иако проектот започна со амбиција да биде самоодржлив и комерцијално исплатлив, низ годините се соочи со предизвици. Сепак, неговиот културен и образовен потенцијал остануваат исклучителни. Со вистинска стратегија, повеќе активности и поголема промоција, „Македонско село“ може да стане репер за етнотуризам на Балканот бидејќи е жив доказ дека автентичната традиција може да живее и во современиот свет само ако ја разбереме и ја почитуваме. Повторното отворање на „Македонско село“ е чекор напред во заживувањето на културниот туризам и во афирмацијата на македонскиот идентитет. Се очекува тоа да стане една од најпосетуваните дестинации во околината на Скопје.

Нов концесионер

Нов концесионер на комплексот „Македонско село“ е фирмата „Ла Тераца“. На јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), се пријавиле две компании, а била избрана понудата на „Ла Тераца“. Согласно договорот, сè што ќе се инвестира, ќе остане во сопственост на државата. Цената за месечна кирија изнесува околу 3 500 евра.

„По години на затворање и уништување на сè што претставува културно наследство, идентитет и историја – конечно започнуваме ново поглавје. Со оваа одлука правиме сериозен чекор кон враќање на животот во еден уникатен простор, кој ќе биде отворен за сите граѓани, туристи и љубители на традицијата. ‘Македонско село’ ќе стане повторно жив центар на културата, на автентичната архитектура и на македонска традиција. Време е за обнова, време е за гордост“, објави директорот на СОЗР, Ивица Томовски, пред официјалното отворање.

Одлуката за концесионер на комплексот е донесена на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.

Откако претходните концесионери се повлекоа поради финансиски загуби, СОЗР во меѓувреме редовно ги покриваше трошоците за осигурување и обезбедување и имаше финансиски загуби од над 300 000 евра.

„Со повторното отворање на комплексот, ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и за зајакнување на локалната економија, за отворање нови работни места. Ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје, што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје туку и во целата земја“, истакнаа од СОЗР.

Работилница за сликање грнчарија е омилена – гости од цел свет понесоа со себе не само барденца, опинчиња и ќупчиња, туку и незаборавно искуство.

Работилница за сликање грнчарија е омилена – гости од цел свет понесоа со себе не само барденца, опинчиња и ќупчиња, туку и незаборавно искуство.

Кои се бизнисмените што менаџираат со „Македонско село“?

Бобан Стојановиќ и Христијан Милковски се скопските бизнисмени што менаџираат со комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези на Водно. На 10 јуни тие ја основале фирмата „ХСХ Вилиџ груп Скопје“ со дејност хотелско сместување, а Стојановиќ е управител на новоформираното друштво.

СОЗР претходно ја прифати понудата за концесија од 15 години на „ХСХ Груп ДОО Скопје“, познати во угостителскиот сектор по локалот „Ла Тераца“ на скопскиот плоштад „Македонија“ и по истоимениот хотел во Дојран. Ова друштво за производство, угостителство, трговија и услуги постои од мај 2012 година. Основано е од Оливера Милковска, која е мнозински сопственик, а содружник и управител е Саша Ќипровски.

Изградбата на „Македонско село“ започна во 2011 година, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016 година. Според официјалните податоци, Владата вложи 5,2 милиони евра.

Image
Newsletter