„McDonald's“ избегна тужба во Франција, плати 1,25 милијарди евра

„McDonald's“ избегна тужба за даночна измама

Поради истрага за даночна измама, американскиот ланец за брза храна „McDonald's“ во Франција плати 1,25 милијарди евра.

Претседателот на Судот на правдата во Париз го потврди договорот меѓу обвинителството и француската подружница на „McDonald's“, како и тоа дека истрагите што се водат од 2016 година поради сомнение за даночна измама ќе бидат прекинати.

Француското правосудство го сомничи „McDonald's“ дека вештачки го намалил својот профит во Франција со плаќање такси за лиценцирање на својата европска матична компанија во Луксембург.

На почеток на 2016 година, обвинителството покрена истрага откако претставниците на синдикатот поднесоа жалба против француската подружница на синџирот за брза храна за организирана даночна измама. Според тогашните информации, се работело за сума од 75 милиони евра на годишно ниво.

„McDonald's“ е само една од неколкуте мултинационални компании што се под истрага во Европа за наводни трансфери на профит или затајување данок.

Американскиот синџир е задоволен од договорот преку кој успеа да го заврши даночниот случај. Во исто време, компанијата соопшти дека веќе платила 2,2 милијарди евра по основ даноци за истиот период.

Инаку, во Франција „McDonald's“ е многу популарен. Само во оваа земја има околу 1.500 ресторани.

Image
Newsletter