Луѓето низ светот ќе почнат да излегуваат на улица ако не преземеме соодветни мерки и не го спречиме растот на инфлацијата. Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Ѓеоргиева, за Си-ен-ен вели дека граѓаните низ светот поминаа тежок период и серија кризи. Предупреди дека ако останат и без чувството дека ќе преживеат, тогаш останува само улицата.
„Ако не можеме да го заштитиме чувството за преживување и чувството на солидарност, тоа е она што ќе се случи“, предупреди таа. Ќе има „луѓе на улица“ на глобално ниво доколку не се преземат чекори за заштита на најранливите од инфлација.
Таа објасни дека уфрлањето пари во економиите со владини интервенции одат во спротивна насока од заложбите на монетарната власт да се намали инфлаторното движење.