Наградата Mаж на годината за 2023 година ја доби менаџментот на Универзитетот Скопје. Статуетката официјално им беше врачена на подмладокот на менаџментот на Универзитетот Скопје, м-р Љупчо Миленковски и доц. д-р Ангела Миленковска Климоска. Тие истакнаа дека за наградата заслужужен е целиот тим, на чело со Ректорот проф. д-р Аце Миленковски.
„Компасот што ми го подари татко ми го следам секојдневно, бидејќи тој ме носи по вистинскиот пат“, рече пред присутните м-р Миленковски.
Проф. д-р Миленковска порача дека Универзитетот Скопје е докажан бренд во високото образование, за што е заслужен целиот тим на професионалци кои неуморно творат сите изминати години.
Ректорот на Универзитет Скопје проф. д-р Аце Миленковски истакна дека не е лесно да се биде најдобар – тоа е привилегија, но и голема обврска да се продолжи по истиот пат.
Обраќање на м-р Љупчо Миленковски.
Миленковски: „Продолжуваме да работиме посветено и да создаваме нови генерации млади професионалци“.
„Оваа 2023 година за Универзитетот Скопје беше една од најуспешните години од постоењето. Продолжуваме да работиме посветено и да создаваме нови генерации млади професионалци што ќе останат да работат во Македонија, да придонесат за подобра иднина тука, во својата татковина“, порача Ректорот Миленковски по повод наградата.
Миленковски: „Да се биде најдобар е привилегија“.
Миленковски со тимот од Универзитетот Скопје.
Годинава, главната награда за Мажи на годината и наградата за најголем придонес во општеството ја добија докторите од Клиниката за дигестивна хирургија кои направија три успешни трансплантации во Македонија.
На гала-вечерта која се одржа во „DoubleTree by Hilton Skopje“, награди добија тринаесет најуспешни мажи во Македонија, што оставиле белег во нашето општество преку своите достигнувања во 2023 година. Манифестацијата „Мажи на годината“ е во организација на „Фрајдеј Комуникации“.