Најскап е животот на Бермудите, а најевтин е во Пакистан. Македонија се најде на 118. место од вкупно 139 земји. Познатиот портал Нумбео објави ранг-листа направена според трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, услуги, намирници, комуналии и уште многу други параметри. Рангирањето е од најскапите кон најевтините земји.
Од земјите во регионот, најскап е животот во Словенија, која се најде на 45. место, потоа во Хрватска, која е 59-та на листата, Црна Гора на 87. место, Босна и Херцеговина е 96-та, Албанија е 99-та, потоа следи Македонија на 118. место, а Косово е на 134. место. Турција се најде на 130. место.
Според статистичките податоци на порталот, зад Бермудите, меѓу најскапите земји за живот во светот се Швајцарија, Норвешка, Исланд и Барбадос.
Најслабо рангирани земји се Алжир, Колумбија, Индија, Авганистан и Пакистан.