Најскапиот стан во Германија, се наоѓа во Берлин и чини 17.9 милиони евра. Неговата продажба е објавена на портал за недвижности „Immoscout24“. Во огласот се објаснува дека се работи за 578 квадратни метри ексклузивен ,,пентхаус“ кој се наоѓа во историскиот центар на Берлин.
Апартманот е со девет соби, кои се направени со природен камен и дрвени подови. Како интересен детал во него, се прозорци кои се поставени од подот до плафонот.
Локацијата е на атрактивно место, односно во близина на Државната опера и форумот Хумболт, што е ексклузивна резиденција во центарот на сите збуднувања.
Покрај овој ексклузивен стан, на порталот за недвижности „Immoscout24“ се наоѓа уште еден апартман кој исто така се наоѓаат во Берлин. Според огласот седумсобен стан може да се купи во Пренцлауер Берг за 11,5 милиони евра.
Рангирањето се заснова на понудите што се објавени на Интернет помеѓу јануари и ноември 2022 година. Наведените цени се цените наведени во огласот, а не цените што купувачите на крајот ги плаќаат за имотот.