Во периодот од 22-23.3.2024 година, студенти од Универзитетот Скопје имаа привилегија да учествуваат во наставно-научен практикум кој ги одведе на едно неверојатно патување на Меѓународниот туристичкиот саем во Белград, Србија.
Организирани од страна на универзитетските професори и наставно-научните соработници, студентите беа воведени во динамичниот свет на туризмот преку учество на саемот за туризам во Белград. Во рамките на саемот, студентите имаа можност да ги истражат најновите трендови и иновации во туристичката индустрија, да запознаат дел од најголемите туристички брендови и да ги увидат предизвиците и можностите на современиот туризам.
Студентите на штандот на Универзитетот „Сингидунум“.
Од Туристичката организација на Белград и Универзитетот „Сингидунум“, беше организирана и посета на културно-историските знаменитости на градот, што беше вистинско искуство на културно обогатување за студентите. Оваа посета вклучуваше разгледување на историските места, музеи, галерии и архитектонски споменици што го красат градот Белград. Студентите се запознаа со богатата култура и културно наследство на Србија.
Дополнително, студентите го посетија Универзитетот „Сингидунум“ во Белград, каде што имаа можност да се запознаат со академскиот живот и со образовниот систем во Србија. Оваа интеракција со студентите и професорите од Универзитетот „Сингидунум“ беше одлична можност за размена на идеи и искуства помеѓу двата универзитетски центри.
Студентите воодушевени на штандот на агенцијата за крстарење „Алегра“.
На штандот на Херцег Нови.
На штандот на Босна и Херцеговина.
Ова патување беше организирано под мотото „Патувај и учи“ со цел да се поттикне активното учење и да се овозможи практична примена на студиските знаења во реални туристички ситуации.
Со завршувањето на наставно-научниот практикум, студентите се стекнаа со нови знаења, искуства и инсајдерски погледи во туристичката индустрија. Со впечатоците од ова патување и искуствата што ги стекнаа, студентите се вратија со поголемо разбирање и почитување за туризмот и за културата на Белград, што ќе продолжи да ги инспирира во нивните идни студентски проекти и кариери во туристичката индустрија.