Нови даноци во Унгарија

Нови даноци во Унгарија

Унгарската влада најави нови даноци за оваа и за идната година. Одлуката е донесена поради економската криза што се продлабочува во земјата и поради празнењето на државниот буџет.

Овој потег е одговор на тешкотиите предизвикани од војната во Украина и од зголемените цени на суровините, објави глобалната адвокатска канцеларија за корпоративно право CMS.

На удар ќе бидат банките, кои ќе треба да плаќаат дополнителен данок на нивните каматни маржи.
Владата на премиерот Виктор Орбан тројно ќе го зголеми износот на таксата за рударство, која ја плаќаат компаниите што вадат нафта и природен гас, а ќе го промени и начинот на пресметување на хонорарите. Ќе се наплаќаат повисоки даноци и од производителите на биоетанол и на биогориво.

Во малопродажниот сектор, даночните стапки што се применуваат на двете највисоки даночни групи ќе се зголемат: од 2,7% на 4,1% за даночните обврзници со над 100 милијарди HUF (околу 250 милиони евра) нето приходи од продажба и од 0,4% на 1% за даночните обврзници во групата од 30 до 100 милијарди унгарски форинти нето приходи од продажба.

Повисок данок ќе има за промет остварен од роаминг, интернет и кабловска телевизија.

Се зголемуваат и таксите за авиокомпаниите, но тие на крајот повторно ќе стигнат за наплата од патниците. Имено, дополнителната такса од околу 10-15 евра по патување ќе биде вкалкулирана во износот што го плаќа патникот при патување.

Image
Newsletter