Осветлувањето на Ајфеловата кула ќе се гаси порано заради заштеда на енергија. Светлата на кулата ќе бидат изгаснати околу 23:45 часот, а станува збор за повеќе од 300 проектори што ја осветлуваат главната туристичка атракција во Париз.
Целта на овој план е заштеда на струја и енергија, а зад овој предлог стои градоначалничката на француската метропола, Ан Идалго.
Заштедата на енергија е предизвикана од енергетската криза во Европа. Ваквиот развој на настани може да се смета за преседан поради тоа што Париз е познат како Градот на светлината, а Ајфеловата кула го дефинира ноќниот живот на метрополата, пишуваат дел од европските медиуми.
Една од најпосетуваните атракции во светот, обично е осветлена до 1 часот по полноќ, а покрај тоа, свети пет минути на секој час до самрак, благодарение на 20.000 треперливи светилки, пишува „Гардијан“ и додава дека во четвртокот вечерта, осветлувањето на кулата била исклучена поради смртта на кралицата Елизабета Втора.
Ноќното осветлување на кулата чини 4% од нејзината годишна потрошувачка на енергија. Кулата, која е завршена во 1889 година, сега повторно, по ковидот, има повеќе од 20.000 посетители дневно.
Во меѓувреме, и другите градски власти низ Европа го намалуваат ноќното осветлување на важни локации.