Проблеми со гасот во Германија во пресрет на зимата

Германија прави сѐ за да заштеди природен гас

Како што наближува зимата, Германија прави сѐ за да заштеди природен гас. Процените се дека резервоарите за складирање моментално се полни 90%.
Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изрази оптимизам дека земјата ќе успее да ја преброди зимата.

„Во целост, доста добро се справивме со ситуацијата“, изјави Хабек пред медиумите во Берлин. Тој рече дека доплатата за гас ќе стапи на сила како што е планирано, на 1 октомври. Министерот оценува дека доплатата е неопходна за да им се обезбеди финансиски интегритет на сите даватели на енергија во Германија.

„Државата ќе направи сѐ што е потребно за да ги одржува компаниите стабилни на пазарот во секое време“, рече тој, додавајќи дека давачката за гас е механизам што им овозможува на компаниите однапред да ги покријат повисоките трошоци.

Image
Newsletter