Пробно почна да пристигнува азербејџански гас по интерконекторот меѓу Грција и Бугарија

Гасовод ТАП

Пробното количество на азербејџански природен гас се очекува да биде испорачано до крајот на јуни, а испораката на договорените количества ќе почне редовно од 1 јули.

Азербејџанскиот амбасадор во Бугарија најави дека интерконекторот е заеднички проект и дека се развива на територијата на двете земји. Низ него ќе се добива целиот азербејџански гас, но возможно ќе биде течен гас да се испорачува и од САД, Катар, Египет и од Израел. Капацитетот е три милијарди кубни метри, а количеството може да ги задоволи речиси целосно потребите на Бугарија и притоа може и дополнително да се зголеми.

Image
Newsletter