Работната недела во Јужна Кореја ќе трае 69 часа

Работната недела во Јужна Кореја ќе трае 69 часа

Јужна Кореја наместо да ги намали, одлучи дополнително да ги зголеми работните часови во текот на една недела. Работниците во оваа земја со новата одлука ќе работат речиси по 14 часа дневно. Со последната одлука, работниот ден на вработените во Јужна Кореја трае нешто повеќе од 10 часа, или 52 часа неделно. Помладата генерација се бунтува против ваквата одлука, па властите одлучија да се направат дополнителни анализи за да се преиспитаат последиците од зголемените работни часови.

Инаку со долги работни часови освен работниците во оваа економски моќна држава, се соочуваат и тие од Мексико, Костарика и од Чиле. Според некои истражувања, тоа е и причина за зголемена смртност кај населението.

Инаку, Јужна Кореја ваквата одлука ја донесе под притисок на бизнис-заедницата, која смета дека со тоа ќе се зголеми продуктивноста.

Подигнувањето на границата се сметаше за начин да се реши недостигот од работна сила со кој се соочува земјата поради намалената стапка на наталитет, која е најниска во светот, како и поради стареењето на населението.

Сегашниот закон ја ограничува работната недела на 40 часа плус до 12 часа платена прекувремена работа, иако во реалноста, велат критичарите, многу работници се под притисок да работат подолго време.

Image
Newsletter