Развојот на традиционалната кинеска медицина во Македонија

Развојот на традиционалната кинеска медицина во Македонија

Во текот на повеќе од 19 години, од 2015 година, повеќе од 100.000 пациенти од различни земји се лекувани од страна на докторите на „Здружението на ТКМ Тонг да танг, Скопје“ со исклучително високи стапки на излекување, а многу од нив се излечени од болести кои се на листата на неизлечиви болести според Светската здравствена организација (СЗО). Пет илјади и двесте студенти на различни универзитети се едуцирани со висок квалитет од професорите од  „Здружението  за ТКМ  Тонг да танг, Скопје“. Шеесет млади студенти по медицина, медицински сестри и физиотерапевти добија едукација за традиционална кинеска медицина (ТКМ) во НР Кина со препорака од „Здружение на ТКМ Тонг да танг, Скопје“. Во областа на научното истражување, повеќе од 200 научни трудови за традиционалната кинеска медицина се објавени во меѓународни научни списанија, а повеќе од 100 научни трудови се со импакт-фактор.

Продлабочениот развој и разбирање на традиционалната кинеска медицина кај јавноста ја илустрира и побарувачката за традиционална кинеска медицина во Македонија. Особено за време на пандемијата, традиционалната кинеска медицина им даде голема помош на пациентите со КОВИД-19 и одигра позитивна улога во заштитата на медицинскиот систем и здравјето на граѓаните во Македонија.

Поради огромната научно-истражувачка и образовна дејност и клиничка практика, Здружението ги организираше двата интернационални симпозиуми за традиционална кинеска медицина во Македонија, кои имаа огромна посетеност, а активно учество земаа многу професори од Македонија, Кина, Виетнам, Хрватска, Бугарија и др.  Првиот  интернационален симпозиум се одржа на 6 декември 2017 година во Штип.

На 17 април 2024 година во просториите на Универзитетот Скопје, се одржа Вториот интернационален симпозиум по Традиционална кинеска медицина и акупунктура под темата „Промовирајте го развојот на висококвалитетна традиционална кинеска медицина на меѓународно ниво, развивајте високо образование и подобрувајте го синџирот на индустријата за традиционална кинеска медицина и служете му на здравјето на луѓето“. Овој симпозиум го организираше Здружението го организираше во соработка со Универзитетот Скопје, на кој активно учество земаа професори од Македонија и НР Кина. 

Симпозиумот го отвори ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, кој уште еднаш се осврна на образованието и здравјето како столбови на опстанокот и развојот на кое било општество и на човештвото во целост. 

Н. Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија.

Н. Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на НР Кина во Македонија.

Посебна чест беше обраќањето на амбасадорот на НР Кина во Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо, кој истакна дека традиционалната кинеска медицина е богатство на целото човештво. Традиционалната кинеска медицина потекнува од Кина и му служи на светот. Од антималарична до КОВИД -19, традиционалната кинеска медицина ја покажа својата  единствена вредност во збогатувањето на медицинската кауза во светот и во промовирањето на истражувања во полето на науката за животот. Амбасадорот истакна дека соработката на традиционалната кинеска и западната конвенционална медицина има голема перспектива и дека овие два медицински правци треба да учат „еден од друг“ за да му служат подобро на човековото здравје. НР Кина е подготвена да соработува со Македонија за да се искористат целосно предностите на традиционалната кинеска медицина и за да се промовира заедница на подобро човеково здравје!

На овој симпозиум со одличен спој помеѓу хемиските реакции на водата и водата во ТКМ даде академик професор д-р Валентин Мирчески.

Академик професор Валентин Мирчески.

Академик професор Валентин Мирчески.

Од НР Кина на присутните им се обратија професори од универзитетите за традиционална кинеска медицина „Лиаонинг“ и „Тианџин“. 

Од Универзитетот „Лиаонинг“, учество зеде проф. д-р Лиу Џингфенг, декан за меѓународна размена на студенти и директор на одделот за меѓународна соработка на Универзитетот „Лиаонинг“, Шенјанг, НР Кина. Професорот Лиу одржа исцрпен говор за високото образование за ТКМ во Кина, направи споредба помеѓу Кина и Европа, а посебен акцент му даде на квалитетно високо образование со адекватна клиничка практика.

Проф. д-р Лиу Џингфенг, Универзитет Лиаонинг.

Проф. д-р Лиу Џингфенг, Универзитет Лиаонинг.

Од Универзитетот „Лиаонинг“ активно учествуваше и проф. д-р Џанг Хуијонг, научник и професор, и директор на одделот за хематологија на болницата за ТКМ при Универзитетот, од Шенјанг, НР Кина. Во својот говор, професорот Џанг се осврна на основната теорија и на старата историја на традиционалната кинеска медицина. Тој зборуваше за „библијата“ на традиционалната кинеска медицина од Хуанг Де Ниан Џин, стара 2000 години. Но, тоа не значи дека оттогаш започнува и ТКМ. Уште 3000 години пред Хуанг Де Ниан Џин, ТКМ со својата клиничката практика лекувала многу болни, што укажува на тоа дека ТКМ постои повеќе од 5000 години.  Во своето излагање, професорот особено се задржа на хармонијата меѓу човекот и природата. Секој човек е една честичка од природата, од општествениот живот и од животната средина, па се поставува прашањето како да ги заштитиме нашите органи и како да го исчистиме телото од токсините. Тој истакна дека иако  науката е наука, а животниот стил е промена, филозофијата не се менува. ТКМ дејствува подобро од конвенционалната медицина особено кај автоимуните заболувања и психолошки нарушувања.

Проф. д-р Џанг Хуијонг, Универзитет Лиаонинг.

Проф. д-р Џанг Хуијонг, Универзитет Лиаонинг.

Проф. д-р Јихе Зху како дел од Центарот за ТКМ „Тонг да танг“ од Скопје и дел од Универзитетот Скопје, со своето долгогодишно клиничко искуство, одржа исцрпно предавање за високото образование, законите и правилниците за ТКМ во Македонија и за значењето на квалитетната клиничка практика на идните студенти. Тој го цитираше претседателот на НР Кина, Кси Џипинг, кој изјави: „ТКМ е богатството на древната кинеска наука и клучот за архивата на кинеската цивилизација“, а со тоа, квалитетното високо образование е столбот на една цивилизација!

Проф. д-р Јихе Зху, Центар за ТКМ „Тонг да Танг“.

Проф. д-р Јихе Зху, Центар за ТКМ „Тонг да Танг“.

На Вториот интернационален симпозиум активно учество земаа г-н Роџер Дуан ван Хај и Црвен крст од Скопје, кои долги години го спроведуваат проектот „Чи-гонг и здравје“. На овој проект учествуваат 220 возрасни стари над 70 години. Тие имаат вежбаат чи-гонг три пати неделно, со што го подобруваат и го одржуваат своето здравје.

Г-дин Роџер Дуан Ван Хај.

Г-дин Роџер Дуан Ван Хај.

Од Универзитетот Скопје, проф. д-р Јана Илиева даде детално објаснување за улогата на здравствениот менаџмент во здравството и во општеството. Таа нагласи дека здравствениот менаџмент е важна алка за подобри услови и услуги на здравствениот систем.

Проф. д-р Јана Илиева, Универзитет Скопје.

Проф. д-р Јана Илиева, Универзитет Скопје.

Од Универзитетот за ТКМ „Тиенџин“ од НР Кина активно учество зема и проф. д-р Венг Мјао. Таа даде детален осврт за основите на ТКМ, петте елементи и поврзаноста на човекот и природата.

Проф. д-р Венг Мјао, Универзитет за ТКМ Тиенџин од НР Кина.

Проф. д-р Венг Мјао, Универзитет за ТКМ Тиенџин од НР Кина.

Детален статистички клинички приказ во своето излагање даде проф. д-р Благица Арсовска, директор на Центарот за ТКМ „Тонг Да Танг“, Скопје. Долгогодишното клиничко истражување на Центарот за ТКМ покажа дека во споредба со конвенционална медицина, традиционална кинеска медицина дава извонредни резултати при превенцијата и лекувањето хипо- и хипертироидизам.

Проф. д-р Благица Арсовска, директор на Центарот за ТКМ „Тонг да танг“, Скопје.

Проф. д-р Благица Арсовска, директор на Центарот за ТКМ „Тонг да танг“, Скопје.

Кога поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов ја пречека делегацијата од Универзитетот за традиционална кинеска медицина во „Ченгду“ во Македонија во 2015 година, истакна дека кога ја посетил Кина за да присуствува на „Вестерн експо“ во октомври претходната година, тој и кинеските лидери постигнале консензус за многу прашања, вклучително и промоцијата на традиционалната кинеска медицина во Македонија. Македонија почна да ги менува релевантните закони за да ја инкорпорира традиционалната кинеска медицина во македонскиот медицински систем. За Македонија ова има големо значење. Кога голем број луѓе ги напуштаат своите родни места, обезбедувањето висококвалитетно образование за ТКМ и обезбедувањето стабилни кариери е несомнено добра заштитна мерка за земјата и за луѓето. 

Со оглед на важната улога на традиционалната кинеска медицина во медицинскиот систем на Македонија, Здружението за традиционалната кинеска медицина „Тонг да танг“ во соработка со  Универзитетот Скопје официјално ќе започне со стручен курс по ТКМ од јуни 2024 година. Наставните методи ќе обезбедат продлабочено разбирање за клиничките предности од комбинирањето на патофизиологијата на традиционалната кинеска медицина и на конвенционалната медицина. Конкретно, посебна практична настава е предвидена за болести што СЗО ги смета за неизлечиви, каде што традиционалната кинеска медицина ги ублажува страдањата на терминалноболните пациенти, го подобрува нивното здравје и ги зголемува шансите за преживување. 

Овој курс на високо образование на TКM е единствениот правен легален образовен курс за TКM во Македонија, а кој ќе биде изведуван од наставен кадар што ги исполнува условите од законот за КАМ, односно професори по ТКМ и клинички доктори по ТКМ. 

Image
Newsletter