Евтините зимски центри во регионот не се веќе толку евтини
Поскапите Банско и Копаоник ги свртеа македонските туристи кон европските скијачки центри
Зимската туристичка сезона е во полн ек. Граѓаните кои имаат страст кон овој спорт ги искористија слободните празнични денови и заминаа на скијање. Огромен е изборот на зимски туристички центри за оние кои зимувањетото им е традиција.
Интересот за домашните скијачки центри е помал, отколку за оние во соседството како Банско, Боровец и Пампорово во Бугарија или Копаоник и Златибор во Србија. Секако оние со подлабок џеб скијаат во европските скијачки центри.
Од туристичките агенции велат дека за разлика од минатата година, оваа сезона, цените за хотелско сместување во регионот се повисоки за 30 отсто. Копаоник и Златибор во Србија, како и Боровец и Банско во Бугарија, ги зголемија цените за 30 отсто, а тоа важи и за услугите.
Но, изненадуваат информациите од туристичките агенции од каде велат дека поевтино сместување (од она во Србија и Бугарија) може да се најде во зимските туристички центри во Италија, Австрија и Франција, па затоа и има зголемен интерес за центри на пример како Вал Гардена во Италија и Валдизер во Франција.
Токму на планините на Италија, Франција, Швајцарија и Австрија, се наоѓаат некои од најдобрите скијачки центри во светот, пејсажите изгледаат спектакуларно. Што нудат овие извонредни скијачки центри во Европа?
Вал д'Изер, Франција
Вал д'Изер и соседниот ски ресорт Тињ нудат 300 километри терен за скијање и е опслужен од повеќе од 150 ски-лифтови.
Најнискиот терен е на надморска височина од 1.550 метри, а највисокиот достигнува до 3.450 метри, што помага да се одржи сезоната отворена до мај. Има терен за сите нивоа на вештини, вклучувајќи падини за деца и почетници, а наставата за скијање овде е меѓу најдобрите.
Распоредот на лифтовите е многу погоден за скијачите, што ги поврзува скијачите со различни области. Самиот град е привлечен, без автомобили и познат по своите добри ресторани.
Шамони, Франција. | Извор: planetware.com
Шамони, Франција
Многумина сметаат дека Шамони е центар на светот на скијањето, како и одморалиште преку целата година. Шамони е навистина одморалиште во сенката на Мон Блан, кое нуди предизвикувачко скијање, жива атмосфера и разновидни активности надвор од падините. Со оглед на тоа што Мон Блан се издигнува во позадината, скијачите се привлечени од терените и глечерските пејсажи кои го одземаат здивот. Шамони стекна меѓународна слава како место на првите Зимски олимписки игри, слава која продолжи бидејќи има едни од најпредизвикувачките терени во светот.
Скијање во Италија
Италија е дестинација која не треба да се занемари кога е скијањето во прашање. Миленик е на поискусните скијачи бидејќи има најголем број на стрмни и напорни патеки. Ски центрите се претежно лоцирани во близина на француската граница на самиот север на земјата. Скијачката сезона трае од декември до април, бидејќи нивните скијачки центри се наоѓаат на надморска височина од над 2300 метри. Одлично подготвени патеки, хотели од сите категории. Голем број сончеви денови во кои погледот кон околината го одзема здивот. Сето ова е нешто што секоја година привлекува се поголем број туристи.
Вал Гардена, Италија. | Извор: planetware.com
Вал Гардена, Италија
Вал Гардена, заедно со Селва Гардена (1.563 m), Ортисеи (1.236 m) и С. Кристино (1.418 m), формираат светски познат скијачки регион. Оваа престижна долина е домаќин на годишната трка од Светскиот куп. Ски-центарот има одлична локација, бидејќи се наоѓа директно во системот Села Ронда. Ски-центарот се состои од два дела, Вал Гардена и Алпе ди Сиуси, поврзани со една ски карта и автобуска врска. Голем број дополнителни содржини, патеки за крос-кантри скијање на работ на Св. Кристин и Ортисеи и уште многу објекти за секаков вид забава, рекреација и добра кујна.
Кортина д’Ампецо, Италија. | Извор: planetware.com
Кортина д'Ампецо, Италија
Високо во италијанските Доломити, петте врвови на Чинкве Тори му обезбедуваат на градот Кортина Д'Ампецо прекрасен амбиент, како и извонреден ски терен. Откако овде се одржаа Зимските олимписки игри во 1956 година, Кортина стана омиленото зимско одморалиште на џет-сетерите. Иако сега има многу поширока клиентела, сепак има продавници и места за забава што би ги очекувале од еден монденски европски ски-центар. Заедно со скијањето во спуст, Кортина нуди километарски живописни патеки за ски крос-кантри, патека за боб што е осветлена навечер и олимписко лизгалиште за лизгачи на мраз.
Цермат, Швајцарија. | Извор: bucketlisttravels.com
Цермат, Швајцарија
Имајќи го култниот белег на Матерхорн како позадина, Цермат и планинските падини зад него се на врвот на списокот на желби на повеќето скијачи.
Цермат е познат по своите долги патеки. Возењето на глечерот Матерхорн, кое беше отворено од сезоната 2019 година, е највисоката жичарница во светот и носи 2.000 скијачи на час до глечерот.
За да ја направат оваа огромна мрежа на патеки побезбедна и подостапна, скијачите можат да преземат бесплатна апликација, која користи ЏПС и се прилагодува на временските услови и условите за снег.
Сент Мориц, Швајцарија. | Извор: journal.alpsandmeters.com
Сент Мориц, Швајцарија
Бројот на светски скијачки натпревари кои биле домаќини во Сент Мориц треба да ви каже нешто за ова познато одморалиште - ова е скијање од светска класа. Исто така има многу ски терени и за не- олимпијци. Сент Мориц е познат по своите долги средни патеки и други извонредни средни терени, а со повеќе од 20 лифтови за избор, ќе најдете падини и патеки за секое ниво на вештина. Сент Мориц е зимско одморалиште во кое има богата клиентела и посебен луксуз. Има многу работи што треба да се прават покрај скијањето: лизгање на мраз, тобоган, нордиско скијање, санкање со боб и скијање со змејови.
Сент Антон, Австрија. | Извор: planetware.com
Сент Антон, Австрија
Сент Антон е едно од најголемите светски скијачки центри во Австрија, а беше домаќин на бројни натпревари во скијање, вклучително и разни Светски првенства во алпско скијање и Светски купови во скијање. Сент Антон е место без автомобили и врева во текот на денот и доцна во ноќта. Околните падини нудат неверојатна разновидност. Опсежниот вештачки систем за вентилација на снег гарантира дека скијачката област е секогаш сигурна за снег. Покрај тоа што е еден од најдобрите скијачки центри во Австрија, Свети Антон има историјата - овде е една од првите жичарници на Алпите. Ова одморалиште заслужува секаква репутација како едно од најдобрите одморалишта, не само во Австрија, туку и во светот.
Инсбрук, Австрија. | Извор: mountvacation.co.uk
Инсбрук, Австрија
Можеби изгледа чудно да се вклучи градот во кој повеќето луѓе летаат за да стигнат до австриските Алпи меѓу скијачките центри на оваа листа. Но, во последниве години Инсбрук се појави како дестинација за скијање сама по себе. Оваа еволуција од транзитен центар до крајна дестинација дојде со воведувањето на Градската карта Ski Plus во 2019 година - единствена ски карта која нуди пристап до 13 од најблиските ски области, како и до 22 музеи и други атракции во градот. Многуте ски-центри нудат нешто малку поинакво, од скијачките патеки за почетници на Mutteralm, до познатите забавни паркови Nordkette и Kühtai.
Последните две, иако не се најголемите скијачки центри, и двете можат да се пофалат со сериозно предизвикувачки терен, а има и повеќе одлични можности надвор од патеката во Аксамер Лизум. Накратко, има по нешто за секој тип на скијачи низ Инсбрук.
На Балканот годинава цените поскапи за 30 проценти
Инсбрук, Австрија. | Извор: mountvacation.co.uk
Копаоник и Златибор - во Србија
На Копаоник и Златибор се наоѓаат најпознатите скијачки центри во Србија. На Копаоник има скијачки патеки во должина од 43,5 километри приспособени за алпско и нордиско скијање. Ноќното скијање е достапно на патеките Панчичев врв, Караман Гребен и Мало езеро. Ски лифтовите се со капацитет од 34.000 скијачи на час.
На Златибор скијачките патеки се од 1.110 до 1.490 метри надморска височина. Има патеки за алпско и нордиско скијање со вкупна должина од осум километри, како и богата понуда на сместувачки капацитети. Годинава интересот од земјава не е толку голем велат туристичките работници токму поради зголемувањето на цените за сместување и услуги.
Боровец, Бугарија. | Извор: propertyshowrooms.com
Копаоник и Златибор - во Србија
Ресорти во Бугарија нудат задоволство за сите генерации. Но, годинава македонските туристи не ги посетуваат овие дестинации како порано, велат од туристичките агенции, затоа што и овде како и во Србија има зголемување на цените.
Боровец е сместен во северните делови на планината Рила, на надморска височина од 1350 метри. Ски патеките се прилагодени како за почетници така и за оние најискусните во овие спортови. Падините на Боровец се под снег најчесто од декември па се до април.
Банско е најголем зимски ресорт во Бугарија. Сместен во подножјето на планината Пирин – на само 150 километри од главниот град Софија. Зимскиот центар Банско е познат меѓу туристите како дестинација за скијање и бордање. Нај високата надморска височина на ски центарот е 2560 метри.
Пампорово е на 240 километри од Софија. Тој е најсончев зимски центар во Бугарија со 285 сончеви денови годишно.Пампорово е препорачан ски центар од експертите како најсоодветен за почетници и искусни скијачи. Ски патеките се со различно ниво на тежина – има патеки за професионални скијачи, како и за почетници. Постојат можности и за алпско скијање, ноќно скијање и крос-кантри скијање.
Јахорина, Босна и Херцеговина. | Извор: booking.com
Јахорина во БИХ е избор за оваа сезона
Босанскиот скијачки центар Јахорина оваа година е топ избор. Според информациите од туристичките агенции тој е далеку поевтин од српските и од бугарските центри. Таму дводневниот, тридневниот и петдневниот хотелски престој е врзан со поевтин ски-пас, што е повод голем број скијачи да ја изберат токму оваа дестинација. Зголемен интерес можеби има и поволноста за скијачите од земјава кои имаат купен ски-билет во Маврово. Истиот билет важи во двата ски-центра, односно секој што ќе купи ски-пас од „Ресорт Маврово“, бесплатно може да скија 2 дена во „Олимписки центар Јахорина“.
Скијачкиот центар Јахорина се наоѓа на 34 километри од Сараево или на околу 45 минути возење од главниот град на БиХ. Скијачките патеки се на висина од 1.300 до 1.890 метри. За алпско скијање се долги 47 километри, а оние за нордиско трчање десет километри.
Колашин, Црна Гора. | Извор: twitter
Колашин во Црна Гора
Колашин, планински град во Црна Гора на околу 85 километри оддалеченост од Подгорица, е местото каде се собираат скијачите од Црна Гора. „Колашин 1600“ е најпознатиот скијачки центар кој има патеки долги 10,5 километри. Се планира тука да се направи комплекс во кој ќе има над 200 патеки за скијање долги вкупно 45 километри, околу 50 жичарници и дваесетина сместувачки капацитети.
Дарда, Албанија. | Извор: visitalbania.app
Во Косово е Брезовица, а Албанија Дарда
Ски центарот Дарда во реонот на Корча е најпознатото место меѓу љубителите на скијањето во Албанија уште од 1920 година. Се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри, меѓу високи шуми од бука и бор. Патеката за скијање е долга 1,3 километри, а постојат и два ски лифта. Освен за скијање Дарда е популарно место и за планинарење и кампирање.
Косово може да се пофали со ски центарот Брезовица основан во 1954 година. Во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век на Брезовица се одржаа многу скијачки натпревари, а во 1984 година служеше како алтернативен центар за олимписките игри во Сараево. Патеките за скијање и сноуборд на Брезовица се долги 16,5 километри.
Попова Шапка, Македонија. | Извор: wikipedia
Македонските туристички центри тапкаат во место
Домашните скијачки центри се стандард, ништо не се менува, ниту на подобро, ниту на полошо. Маврово, Попова Шапка, Крушево, Пелистер, Кожуф, Пониква повеќе се дестинации за дневна или викенд посета.
Ски-центарот „Маврово на планината Бистра, кој постои повеќе од 50 години е на нешто повеќе од 100 километри од Скопје нуди ски патеки за алпско и нордиско скијање во должина од 30 километри. И покрај сите недостатоци, Маврото останува хит скијачка дестинација за македонските граѓани.
Попова Шапка на Шар Планина е една од главните зимски дестинации во Македонија. Ски патеките започнуваат на висина од околу 1.700 метри и се поврзани со жичарници и ски лифтови. Должината на скијачките патеки е околу 10 километри, но почетници можат да скијаат и на дел од необележаниот терен. Сезоната во овој центар најчесто трае од декември до крајот на март.
Иако во тек е зимската сезона, сè уште нема никакви активности од најавените инвестиции на италијанската компанија Техно Алпин која според властите уште изминатава пролет требаше да инвестира на Попова Шапка.