Во 2021 година, руските граѓани префрлиле 44 милијарди долари во странски банки. Тоа е за 9,5% повеќе отколку во 2020 година, објави ,,Комесант” според официјални податоци на Централната банка на земјата. Од овој износ, околку 12,8 милјарди долари или 30% се префрлени на регионалната организација, Комонвелтот на незавизни држави познат како ,,Руски комонвелт”.
Минатата година од странски сметки во Русија беа префрлени околу 24,7 милијарди долари, што е за 5,6% повеќе од претходната година.
Според анализите на Централната банка, просечниот износ на пари што го префрлале во странски банки бил 401 долари. Исто така, просечниот износ на дознаки од странство во Русија е зголемен за 2,2 пати, односно 664 долари.
Најмногу се зголемил просечниот износ на трансфери на Руси во земји што не се членки на ЗНД. Централната банка регистрира раст за 4,5 пати на 568 долари. Просечната стапка на трансфер во земјите на ЗНД остана на нивото од 2020 година – 234 долари.
Просечниот износ на трансфери од руски граѓани надвор од ЗНД во Русија се зголеми за 2,8 пати, достигнувајќи 896 долари на крајот од 2021 година. Просечниот износ на трансфери од земјите на ЗНД во Русија се зголеми за 1,8 пати на 281 долари.