Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута.
Пратениците едногласно усвоија нацрт-закон со кој биткоинот се претвора во законско средство за плаќање заедно со централноафриканскиот франк ЦФА и на тој начин ја легализираа употребата на криптовалути, а претседателот Фостен Арканџ Туадера ја потпиша мерката како закон, објави шефот на неговиот кабинет Обед Намсио.
Ова е втората држава, по Ел Салвадор, која се одлучува на ваков чекор. На 7 септември, Салвадор стана првата земја во светот што го усвои биткоинот. Но, таму имаше и одредени тензии откако се донесе оваа мерка. Има и други земји што размислуваат дали да го воведат биткоинот како официјално средство за плаќање.