Турција новата година ја струва со повисока минимална плата за работниците. Годинава таа ќе биде зголемена за 54,5 отсто. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нето минималната плата ќе изнесува 8.500 турски лири што е околу 450 долари, месечно. Претходно изнесуваше 5.500 лири, односно 295 долари, месечно.
Според турскиот претседател ваквата одлука е донесена поради високата стапка на инфлација поради светската економска криза. Тој посочи дека при новата пресметка за платата е посветено големо влијание на правата на работниците и работодавачите, но не ја исклучува можноста да има и ново зголемување доколку има потреба од тоа.