Шпанската влада донесе одлука од септември до крајот на годината да им овозможи бесплатен железнички превоз во возовите што сообраќаат на кратки и на средни релации, односно патувања до 300 километри. Со овој чекор владата очекува да ги намали трошоците на граѓаните.
Брзите возови на долги релации не се вклучени во оваа одлука, како и билетите за еднократно возење.
Инаку оваа мерка за помош за граѓаните е надополнување на претходната, со која цените на целиот јавен превоз, кој вклучува метро, трамвај и автобуси, за сите граѓани беа намалени за 30%.