Специјално признание за особен придонес во воспитно-образовната и хуманитарната дејност

Специјално признание за особен придонес во воспитно-образовната и хуманитарната дејност

Ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, доби специјално признание за особен придонес во воспитно-образовната и хуманитарна дејност. Наградата му ја додели Здружението на просветни работници на Град Скопје, во соработка и со поддршка на локалната самоуправа, во Музејот на револуционерната борба, во рамки на манифестацијата „Просветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2022/2023 година“.

Специјално признание доби и светски познатиот ликовен уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин. Според претходно распишан конкурс со одредени критериуми, им беа доделени признанија на најдобрите просветни работници на територијата на Скопје од сите сфери на образованието.

Добитници на наградите се: Клементина Петрушевска, воспитувач во ЈУДГ „Весели Цветови“, Општина Кисела Вода, Весна Бошковска, одделенски наставник во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, Општина Кисела Вода, Олгица Бајалџиева, предметен наставник во ОУ „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош, Саниа Качар (од заедниците) предметен наставник од ОУ „Живко Брајковски“, Општина Бутел, и Наташа Божиновска, наставник по стручни предмети од СЕТУГС „Михајло Пупин“.

Image
Newsletter