Становите во ЕУ ем скапи ем пренаселени

Становите во ЕУ скапи и пренаселени

Во Европската Унија во 2020 година, 17,5% од населението живеело во пренаселени домаќинства. Тоа значи дека немале доволно простор за сите членови на домаќинството во согласност со нивната семејна состојба и нивната возраст, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ, Евростат.

„Недостигот од простор во пренаселените домаќинства беше засилен со тоа што децата си играа во соби каде што родителите се обидуваа да работат од далечина за време на карантинот поради пандемијата со вирусот Корона-19. Исто така, пренаселените средини претставуваат потенцијално поголем ризик од ширење на инфекцијата“, се проценува во извештајот на Евростат.

Меѓу земјите членки на ЕУ, речиси половина од населението на Романија или 45,1% живееле во пренаселени домаќинства во 2020 година. Ова беше случај и со Летонија со 42,5%, во Бугарија – 39,5%, Полска – 36,9% и Хрватска со 36,2%.

Од друга страна, најниска стапка на пренаселеност е забележана во Кипар со 2,5%, Ирска – 3,2%, Малта – 4,2% и во Холандија со 4,8%.

Кога станува збор за стапката на преоптоварување со трошоците за домување, во 2020 година таа била највисока во Грција, Бугарија и во Данска.

Image
Newsletter