Србија ќе стартува со производство на електричен автомобил. Производството на електрични возила ќе започне во „Застава“ кон средината на 2024 година. Возилото ќе биде „наследникот“ на „фијат 500Л“, кој моментално се произведува во фабриката во Крагуевац. Не е потврдено дека ќе биде „фијат панда“, но сигурно е дека ќе биде автомобил на концептот „чентовенто“ на Фијат.
„Започнуваме нова ера во инвестициите во нашата земја и во нашето однесување во иднина. Потпишавме договор за финансирање на електричен автомобил што ќе се произведува во Крагуевац“, изјави неодамна српскиот претседател Александар Вучиќ.
Се работи за компактен модел наменет за градско возење. Дизајнот на „струјадин“ веќе е одобрен и ќе биде премиерно прикажан идната година. Ќе биде достапен во целосно електрична и во хибридна варјанта.
Инаку порано оваа фабрика била мотор на развој на градот Крагуевац, гигант што во еден момент имал повеќе од 30.000 вработени. Еве како ќе изгледа автомобилот наречен „струјадин“.