Студентите на УТМС во посета на Египет

Студентите на УТМС во посета на Египет

Во координација со деканот Граматниковски, избирајќи дестинација за последното патување со студентите, едногласно изборот падна на Египет, затоа што барем еднаш во животот мора да се посети лулката на денешната цивилизација. Мотото на туристичката индустрија во Египет е „Египет, од каде што започнува сѐ“ (анг.: Egypt — Where It All Begins).

egypt

Посета на џамијата Ал Мина во Хургада.

Посета на џамијата Ал Мина во Хургада.

Патувањето во Египет не беше само за авантура и за истражување, тоа беше и културно доживување. За време на престојот, студентите имаа можност да се нурнат во богатата египетска култура, уживајќи во традиционалната кујна, доживувајќи ги традиционалната музика и танц и интеракцијата со пријателски настроените локални жители.

Имавме разгледување на градот Хургада и го посетивме неговиот симбол, џамијата Ал Мина. Пустинското сафари за студентите беше вистинска авантура, максимален адреналин со возењето на џипови и на мотори со четири тркала. Посетата на бедуинското село беше запознавање со начинот на живот што го практикуваат бедуините, далеку од денешната цивилизација. Исто така, за многумина прво искуство што ќе им остане уште долго во сеќавање, беше и јавањето камили во пустина.

Авантура со џипови на пустинско сафари

Авантура со џипови на пустинско сафари

Целото патување во Египет беше едно интересно искуство, да се доживее потполно различен свет од овој во кој живееме ние. Црвеното Море е познато по коралните гребени кои го одземаат здивот, па снорклингот на отворено море е моментот што ќе го паметам.

Без разлика дали сте страстен нуркач, авантурист во потрага на возбуда или едноставно барате мирно бегство, Црвеното Море и Хургада нудат извонреден спој на природни чуда и топло гостопримство. А пустинското сафари во Хургада остава трајна трага во душите на авантуристите кои имаат доволно среќа да го искусат.

Марија Спиркоска, студент

Незаборавно искуство - јавање камила во пустина

Незаборавно искуство - јавање камила во пустина

Пред Големата пирамида, едно од старите седум светски чуда

Пред Големата пирамида, едно од старите седум светски чуда

Го посетивме и местото каде што познатиот војсководец и освојувач Наполеон Бонапарта им се обратил на своите војници покажувајќи кон пирамидите: „Војници, запомнете дека од врвовите на овие големи пирамиди ве набљудува четириесетвековна историја“. Студентите на кратко беа во улога на Индијана Џонс и ја истражуваа мистеријата на големата пирамида, едно од седумте стари светски чуда зачувани до денешен ден. Во живо го видовме најпознатото парче на египетската уметност, златната погребна маска на Тутанкамон, еден од преку петте илјади експонати изложени во Египетскиот музеј во Каиро.

Истражувајќи ги мистериите на Големата пирамида

Истражувајќи ги мистериите на Големата пирамида

Студентката Ангела и Големата сфинга.

Студентката Ангела и Големата сфинга.

Целта на посетата беше повеќе од забавен релаксирачки карактер. Уште на аеродромот се почувствува атмосфера на заедништво, сплотеност и радост што ни се укажа можноста да посетиме една ваква земја. Ова чувство нѐ држеше за време на цел престој во Египет. Имено, вториот ден бевме на сафари. Возењето со џипови и организираната програма беа преубави. Посебно нешто што ја краси земјата се пирамидите, кои исто така ги посетивме – прекрасни се во својот изглед и изработка. Програмски на крај ја посетивме плажата Парадајс, каде што имавме можност да се запознаеме со целокупниот морски свет кој живее во Црвеното Море. Оваа посета е огромен предизвик за нас да дадеме свој придонес и да го прошириме видикот на нашето делување и просперитет. Огромна благодарност до Универзитет Скопје што на овој начин придонесува своите студенти да го имаат светот поблиску до себе и да се оформат во вистински градители од пошироки размери.

Посета на Египетскиот музеј во Каиро.

Посета на Египетскиот музеј во Каиро.

Покачен адреналин со лет со падобран на вода.

Покачен адреналин со лет со падобран на вода.

Вистинско уживање на Рајскиот Остров.

Вистинско уживање на Рајскиот Остров.

И за крај, патувањето немаше да биде комплетно ако не го посетивме Рајскиот Остров и ако не се нурневме во живописниот свет на риби и морски корали во Црвеното Море.

Додека нивното време во Хургада се приближуваше кон крајот, студентите размислуваа за неверојатните спомени што ги создадоа.  Оваа патување не само што го прошири нивното знаење, туку и всади длабока почит за убавината и различноста на Египет.

Со срца полни со задоволство и благодарност, студентите се збогуваа со Хургада, понесувајќи со себе ризница спомени и искуства што ќе останат со нив засекогаш. Нивното патување во Египет не беше ништо помалку од несекојдневно, оставајќи неизбришлива трага во нивните животи и поттикнувајќи ја нивната желба за идни истражувања.

Во изминатите 17 години, Универзитетот Скопје има реализирано преку 70 наставно-научни практикуми, од кои на шеесеттина сум учествувал како креатор, организатор и реализатор. Со сигурност можам да кажам дека ова беше едно од најдобрите патувања и би сакал да истакнам дека на Универзитетот Скопје студираат најдобрите студенти во Македонија. До следно патување.

М-р Горан Апостоловски

Image
Newsletter