Студот во Европа ги крена цената и потрошувачката на струја на рекордно ниво

Студот во Европа ги крена цената и потрошувачката на струја на рекордно ниво

Цената на електричната енергија во Велика Британија се искачи на рекордно високо ниво, објави „Блумберг Адрија“. Причина за поскапувањето се ниските температури што предизвикуваат пораст на побарувачката на струја, додека истовремено се намалува производството на струја од ветер, што пак предизвикува прекини во снабдувањето.Цената на струјата во Обединетото Кралство на 11 декември достигна рекордни 674,78 фунти за мегават час на берзата „Епекс спот СЕ“, достигнувајќи го највисокото ниво на сите времиња.

Дополнителен проблем се најавите на метеоролошката канцеларија, која издаде предупредувања за снег и за мраз низ Велика Британија. Се очекува и температурите да паднат под нулата, што ќе ја зголеми побарувачката за греење. Потрошувачката на енергија за време на студените денови се очекува да достигне максимум од 46.695 мегавати.

Германските цени на електричната енергија исто така скокнаа за 33 отсто, на 433,93 евра за мегават час, што е највисоко ниво од 13 септември, додека француските се зголемија за 40 отсто, до 465,49 евра за мегават час.

Image
Newsletter