Светлана Црнокрак: Кога учиш од врвни професори, успехот е неизбежен

Светлана Црнокрак: Кога учиш од врвни професори, успехот е неизбежен

Благодарение на долгогодишната соработка со Универзитетот Скопје, познатата манекенка и презентерка Светлана Црнокрак имала привилегија да добие стипендија на Универзитет Скопје. Се запишала на насоката односи со јавност, кој е најблиску до тоа што го работи со години. Вели дека не погрешила и му е благодарна на целиот тим професори, особено на ректорот проф. д-р Аце Миленковски.

Мотивите по кои се водиме, не се статични, но се менуваат со возраста, созревањето, интересите и потребите. Токму тоа е една од причините што не тера во нов предизвик. Бевте успешна манекенка со диплома од вишата школа за радиологија, но сепак решивте да го продолжите школувањето. Зошто го одбравте Универзитетот Скопје?

Со оглед на мојата неостварена желба во медицината, а долги година фокусирана на мојата втора професија, манекенството, презентерството и воопшто јавниот свет, решив моето доедуцирање да го продолжам во таа гранка - односи со јавност. Благодарение на нашата долгогодишна соработка со Универзитетот Скопје, ја добив таа привилегија да добијам стипендија на овој Универзитет и ја одбрав токму таа насока како најблиска до тоа што го работам веќе долги години. И не погрешив. Навистина сум му благодарна на целиот тим професори, особено на ректорот проф. д-р Аце Миленковски.

Креативноста и комуникологијата се вештини на јавната професија. Дали од тие причини Ве привлече програмата на отсекот за односи со јавност?

Токму така! Креативноста, стратешките комуникации, промоцијата, маркетингот се вештини на јавната професија, било тоа да се однесува на личност или на компанија. Всушност, во тоа што го работам и како личност, а и со нашата модна агенција, овие вештини се составен дел на односите со јавноста, мислењето на публиката, комуникацијата, пораките, рекламите кои воедно придонесуваат да се постигне заемна корист, успех во работата, креативност, а со тоа и поттик  и  мотив  за уште подобро.

Кои испити Ви беа најголем предизвик и лесно ли го совладувавте материјалот?

Првенствено, Односи со јавност ми беше и воедно омилен предмет, кој најлесно го совладав и навистина научив многу. Тука би ги вброила и Човечки ресурси и Општествена одговорност. Сите тие се тесно поврзани и значајни, а и веќе познати во оној дел што го работам. 

Црнокрак: „Најзаслужен за целиот тим е ,таткото’, ,главата на фамилијата‘, ректорот Аце Миленковски.“

Црнокрак: „Најзаслужен за целиот тим е ,таткото’, ,главата на фамилијата‘, ректорот Аце Миленковски.“

За кои предмети ви беше потребен поголем напор?

Некако не се пронаоѓав во економијата, иако се трудев и во тој дел да научам нешто кое во иднина би ми било од корист.

Колку сте задоволни од кадарот, професорите, нивниот однос кон студентите? Во случајов со вас, како реагираа со оглед на тоа што сте една од нашите најголеми манекенски ѕвезди?

Да бидам искрена, без разлика на тоа што сум јавна личност, сите студенти бевме исто привилегирани, што покажува колку овој универзитет професионално функционира. Секој професор во секое време беше достапен за секој студент. Врвни и успешни професори, докажани во својата работа, што навистина многу значи. Кога учиш од такви професори, успехот е неизбежен.

Кога најчесто учевте, со оглед на тоа што сте мајка на две ќерки, сопруга, но сте активни и како манекенка и презентерка на вести?

Кога се сака, сѐ се може. Бев примерен студент. Редовна на сите предавања, вежби, колоквиуми, испити и навистина учев и наоѓав време за тоа, бидејќи таа професија е навистина интересна, ја сакам и се пронајдов во неа. Учев, првенствено за себе, а потоа за оценка. Имав поддршка од моите најблиски и со нивна помош и добра организација успевав да стигнам со сите обврски. 

Во кој дел од кариерата Ви помогна знаењето што го стекнавте на Универзитетот Скопје?

Буквално во сето она што го работам. И во делот на презентерството, телевизијата, и во делот на она што го работиме со нашата модна агенција. Јавниот свет, комуникацијата, маркетингот се основни и најважни елементи на мојата работа. Реално, најтешко е да се работи со луѓе, со различни карактери, јавни личности, да наоѓаш заеднички јазик на комуникација, компромис, правилно да се пробиваш, да се презентираш, да наоѓаш решенија, да носиш правилни одлуки, па и некогаш да ризикуваш. Во сето тоа ми помогна знаењето што го стекнав токму на овој Универзитет.

Светлана Црнокрак со семејството.

Светлана Црнокрак со семејството.

Која е пораката до младите? Кои предности на Универзитетот би ги издвоиле како мотив да станат дел од него?  

Мојата порака до младите е да учат, да се едуцираат и постојано да го надградуваат своето знаење. А вистинско место е токму овој, Универзитетот Скопје, кој нуди образование со европски стандарди, современо, кој постојано го развива и го приспособува процесот на стекнување знаење во чекор со модерните образовни трендови. Освен тоа, овој Универзитет има посебна цел и филозофија – да спречи  студентот да се чувствува изгубен во масата, а да  му овозможи индивидуален наставен пристап.

Со дипломата се стекнува знаење, но и животни искуства и пријатели. Каков беше случајот со вас?  Кои се спомените што Ве врзуваат за студиите?

Поминав прекрасни 3 години на овој Универзитет, но тоа беше само почеток на нашата соработка. Дипломирав пред 7 години и оттогаш станав и дел од тимот на УТМС. Стекнав и запознав врвни професори кои ми подарија знаење и кои, пред сѐ, се луѓе со широко срце и вистински пријатели. Најзаслужен за целиот тим е „таткото“, „главата на фамилијата“, ректорот Аце Миленковски.

Колку сте строга како мајка кога станува збор за образованието, едукацијата на вашите две ќерки? 

Во однос на образованието на моите ќерки, не сум строга, но сум принципиелна. Моника ја научив, а Нина сѐ уште ја учам дека образованието е најважно нешто за една личност во развојот на животот и дека школото, едукацијата, учењето првенствено се за себе, а потоа за другите околу нас. Моника е веќе возрасна личност, дипломираше пред неколку години маркетинг и навистина сум горда на неа. Нина е седмо одделение и се трудам сѐ уште да ѝ создадам навика, одговорност, рутина, да ја подготвам за понатамошно едуцирање. Да се има цел во животот, постојано да се надградува знаењето, а особено да се учи и да се  работи професијата што се сака. Човекот учи се додека е жив. Знаењето и образованието се богатство кое се стекнува со учење, со читање книги, со едуцирање, кои се важни за градење една комплетна личност.

Image
Newsletter