Светлана Пеншовски, најдобар магистер во 2023 г. на Универзитетот Скопје: Соработката секогаш беше беспрекорна, непосредна и многу професионална

Светлана Пеншовски, најдобар магистер во 2023 г. на Универзитетот Скопје

Триесет и деветгодишната Светлана Пеншовски е магистер по менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот Скопје, а на свеченото доделување на дипломите ѝ беше доделена почесна титула MAGNA CUM LAUDE. Нејзиниот магистерски труд е со наслов ,,Следење на вредносниот систем на вработените во функција на обезбедување квалитет во работата“.

ПЕНШОВСКИ: Соработката секогаш беше беспрекорна, непосредна и многу професионална

„Согласно насловот, трудот претставува истражување спроведено во функција да се докаже дека ако се следи вредносниот систем на вработените, ќе се обезбеди квалитет во работата. Инспирацијата дојде со самата категорија, која ми се чини дека е занемарена во истражувањата, па се мотивирав во интересен предизвик, кој ќе донесе нова и свежа перспектива во професионалните релации. Како елементи од множеството вредносен систем што се од интерес на ова истражување се земени: генеративноста, социјалната осаменост, задоволството од сегашната работа, ригидноста односно флексибилноста и, секако, квалитетот во работата. Бев мотивирана од фактот дека сите вработени, освен професионалното портфолио, со себе носат и индивидуални карактерни особини, кои значително можат да бидат од полза и во склад и со работната позиција“, вели Пеншовски.

Успехот често подразбира учење од оние што веќе ги достигнале своите цели. Неверојатен благослов е да се има врвен ментор, кој ќе ве поттикне да бидете успешен. Истовремено ќе одвои време да размените мислења, за поголема мотивација. Таков ментор ретко се среќава, но не и на Универзитетот Скопје.

„Ментор не може да биде кој било. Пред сѐ, таквата личност мора да има способности, знаења и компетенции, а воедно и одлични комуникациски вештини. Во однос на менторството, Универзитетот Скопје беше подготвен и веќе имаше поставено основа за успешен трансфер на знаење, така што можам да потврдам дека соработката секогаш беше беспрекорна, непосредна и многу професионална. Проф. д-р Александра Стоилковска е мој ментор. Професорката Стоилковска ги користи своите експертски способности и знаења во својата стручна област, но во тој процес и го мотивира магистрантот на крај да генерира самостојно знаење, што е од клучно значење во општествените дејности“, појаснува таа.

Благодарение на образованието, во можност сме да ги разбереме нештата што нѐ опкружуваат, да ги објасниме различните појави, а со уписот на студиите да ги искажеме своите интереси и да ги покажеме своите можности.

Пеншовски: „Бев охрабрена од професорите во однос на изработка на семинарски трудови.“

Пеншовски: „Бев охрабрена од професорите во однос на изработка на семинарски трудови.“

„Се доживувам себеси како трагач по интелектуални предизвици и ме движи мотото дека учењето е долготраен процес. Тој никогаш не престанува со формалната едукација бидејќи на секоја дејност може да ѝ се пристапи интердисциплинарно, па да се стекне нова перцепција за одредена област. Токму затоа, моите амбиции не застануваат овде, туку напротив – размислувам и за понатамoшна научна дејност, бидејќи сметам дека имам солидни аналитички вештини што можам да ги понудам, поврзувајќи ги со системски пристап. Сето тоа беше охрабрено од професорите во однос на изработка на семинарски трудови, што резултира со надградба на веќе добро воспоставени базични концепти вели“, Пеншовски и посочува на кој начин професорите на Универзитетот Скопје го поттикнале лидерството кај неа.

„Деловното лидерство со севкупната теорија ми понуди неколку интересни перспективи. Научив дека ако ги оставиш луѓето сами да работат, ќе успеат позитивно да те изненадат, а потоа и фразата: се чувствувам одговорен/на за своите вработени (колеги) и се грижам за нив соодветно, за да утврдиме на крај дека тимот најдобро работи со јасна и структурирана работна рамка. Флексибилноста во однос на работните ангажмани бара нова динамика, адаптибилност и пронаоѓање техники и методи за навидум слични ситуации кои имаат различен исход“, објаснува таа.

Пеншовски: „Врската со УТСМ е нераскинлива.“

Пеншовски: „Врската со УТСМ е нераскинлива.“

Хенри Форд, еден од  најпознатите светски магнати рекол „Верувајте во својот успех и секогаш ќе најдете начин да ги совладате пречките“. Пеншовски доби можност да биде дел од една од најдобрите фирми на Балканот, „Алкалоид“. Пресудно за тоа, освен вербата во себе, беше и знаењето што го стекна како магистер на факултетот.

„Вработените во нашата организација се индивидуи што имаат сопствени ментални претстави и перцепции, сопствени цели и секако – секој е личност за себе. Токму поради тоа, треба да им се посвети внимание и на индивидуално и на групно ниво, сè со цел да се насочат вработените кон постигнување на организациските цели истовремено користејќи ги своите интелектуални капацитет, а притоа да им се да даде можност за личен раст и развој. Сето тоа е толку испреплетено што на крај доаѓа равенството дека НИЕ сме организацијата и организацијата сме НИЕ. Секоја компанија мора да го има тоа предвид бидејќи успешна е само онаа компанија што брзо учи и која го пренесува знаењето внатре во организацијата, но е истовремено и подготвена да се приспособи кон промените во опкружувањето надминувајќи ги анахроните начини за менаџирање со човечки капитал вели“, Пеншовски и дополнува дека задржувањето и развивањето на вработените претставува еден вид врска токму помеѓу организацијата и вработените.

Врската со УТМС ќе ја продолжи бидејќи смета дека образованието е доживотен процес и како таков – никогаш не запира.

„Едукацијата трае на различни начини низ сите сфери, низ сите животни циклуси, а овој Универзитет е секогаш моја позитивна асоцијација, која корелира со фактот дека третманот на идните академски граѓани ќе даде правопропорционално квалитетна нова младина, подготвена целосно да се соочи и да носи на раменици нови професионални промени надградувајќи ги во квалитетен иден интелектуален капитал. Оваа едукација не ми беше само должност, туку и моја страст бидејќи се чувствувам многу комфорно во академски кругови“, посочува Пеншовски.

Image
Newsletter