Како се славеше низ светот, а како кај Новата година? Ви пренесуваме и дел од најубавите божикни маркети
Каде ќе одите или каде бевте за Нова година? Ова, барам кај нас се најчесто поставуваните прашања пред и по Новата година.
И дефинитивно, новогодишната ноќ е посебно време за многу луѓе низ светот. Време на заедништво, благодарност и надеж додека се навраќаме на годината што изминува и ѝ се радуваме на годината што доаѓа. Но, исто така е време за волшебни огномети и забави, а во тој поглед, дефинитивно има некои дестинации што ги прават новогодишните настани подобри од другите. Некои градови ги издигнуваат своите огномети до нови височини, додека други имаат забавни, шарени традиции што му даваат подлабоко значење на денот.
И додека во изминатите две години за време на пандемијата имаше придушени прослави, годинава светот се релаксираше по нејзиното поминување, па на големо се вратија огнометите и прославите низ светот.
Без разлика дали сме ја дочекале со чаша шампањ, забава со одбројување или интимна вечера, секоја Нова година правиме споредба како се прославува таа во светот, но и како е организирано кај нас дома, барем во главниот град.
Млаки и незабележителни се коментарите на јавноста за дочекот на Новата година во главниот град, Скопје. „Сиромашно“ украсување, програмата за новогодишната ноќ непозната до последен ден, огномет што не можеше да се види од густата магла, беа коментарите на јавноста. Граѓаните констатираа дека во другите градови низ државата, украсувањето било многу подобро за разлика од тоа во главниот град, а најголема пофалба доби градот Крива Паланка, кој беше украсен во вистинска смисла на зборот.
Дека Скопје не е на мапата градовите каде што има добра новогодишна забава, покажа и изјавата на директорот на Агенцијата за промоција на туризмот Љупчо Јаневски, кој пред дочекот на Нова година изјави дека туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек затоа што нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор.
Туроператорите годинава не го нудат Скопје како атрактивно место за дочек на Новата година, оти нема ниту програма, а ниту пак соодветен декор, дециден е директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Љупчо Јаневски. Тој е сигурен дека дури и повеќето градови во внатрешноста се подобро организирани и украсени, а тоа дава лоша слика за туристичката понуда на една метропола.
Сите градови во соседството знаеја што ќе им понудат на посетителите уште на почетокот на ноември, а тоа придонесе нивните капацитети да бидат распродадени на крајот од минатиот месец, како на пример во Ниш, Србија. Нема настани, нема манифестации што може да ја збогатат понудата, а тоа значи дека голем број македонски граѓани ќе се забавуваат надвор од земјава, изјави пред Нова Година директорот на АПТ.
Како и да е, во оваа компарација ќе ги прикажеме светските метрополи во кои имаше спектакуларна прослава за Новата година.
СИДНЕЈ, Австралија
Благодарение на временските зони, првиот голем меѓународен град во светот што ја дочека новата година е Сиднеј, Австралија. Сиднеј е познат по знаменитостите како што се Сиднејскиот заливски мост и Операта, а и двете знаменитости се вклучени во прославите.
Главниот настан за новогодишната ноќ во Сиднеј е драматичниот огномет што го прави пристаништето на градот уште поубав. Додека големиот момент се случува во 12 часот, градот има дополнителен семеен огномет во 21 часот за да можат најмалите да го видат пред спиење. Огнометот, кој често го користи пристанишниот мост како позадина, трае 12 минути, по една минута за секој месец од годината.
Нова година во Њујорк, САД
ЊУЈОРК, САД
Има ли повоздбудливо место за поминување на новогодишната ноќ од Њујорк? На крајот на краиштата, тој е дом на познатото паѓање на топката на Тајмс сквер, традиција што постои од 1907 година и која сè уште привлекува огромни толпи посетители и туристи. Иако можете да гледате како топката паѓа од улица, ќе чекате на студ со часови за да си обезбедите место, нема да можете да се движите дури ни за до тоалет и ќе бидете буквално заглавени на Тајмс сквер со околу 1 милион други луѓе.
Но, има уште многу други работи што може да ги правите во Њујорк освен да бидете на овој познат настан. Во Њујорк, всушност, има забави за новогодишната ноќ низ целиот град. Сепак, едно од најдобрите нешта е да се фати ноќниот огномет додека крстарите по реката Хадсон.
Нова година во Лас Вегас, САД
ЛАС ВЕГАС, САД
Градот на гревот е веќе дестинација за забава, па знаете дека кога станува збор за најдобрите места за прослава на Нова година во САД, тој ќе биде на списокот. На полноќ, различни казина лансираат импресивен бараж огномет од покривите на свои згради. Што се однесува до она што се случува во затворен простор, вечерта се одржуваат специјални концерти во казината, додека ноќните клубови организираат гламурозни забави исполнети со ѕвезди. Во основата, каде и да одите во Лас Вегас за Нова година, се случува нешто посебно. Во Вегас не е секогаш жешко, па не заборавајте да ја проверите временската прогноза и да се облечете топло – пустината многу се лади ноќе, особено во зима.
Нова година во Рио Де Жанеиро, Бразил
РИО ДЕ ЖАНЕРИО, Бразил
Секој знае дека Рио де Жанеиро сака да се забавува благодарение на култните карневалски прослави. Она што ги прави забавите на новогодишната ноќ во Рио е тоа што тие се случуваат на плажа. Ако сакате да ја дочекате Новата година со околу 3 милиони други луѓе во топло одморалиште на плажа, одете во Рио де Жанеиро. Сите доаѓаат на плажата Копакабана за свеченостите, кои вклучуваат концерти и огномет. Локалните традиции за Нова година вклучуваат носење бело, скокање во вода и замислување желба откако часовникот отчукува на полноќ.
Нова година во Париз, Франција
ПАРИЗ, Франција
Со оглед на тоа што е едно од најромантичните места на земјата, Париз е очигледно едно од најдобрите места за поминување на новогодишната ноќ за парови што сакаат романтична вечер. Кој не сака да ја започне Новата година бакнувајќи ја својата посебна личност во романтичен град како Париз?
Поминувањето на новогодишната ноќ во Париз може да има многу форми. Можеби најпопуларната активност е гледањето на зрачното светлосно шоу на Ајфеловата кула. Друг одличен избор е да отидете во Монмартр и да најдете добра позиција за да го гледате огнометот во градот. Сепак, најпрометното место е преполната улична забава покрај Елисејските полиња.
Нова година во Виена, Австрија
ВИЕНА, Австрија
Додека градот Виена е особено познат по своите божикни пазари, тој исто така приредува неверојатно шоу за да го одбележи почетокот на Новата година. Всушност, Виена ги претвора своите божикни пазари во новогодишни пазари на кои се продава греано вино и разни ситници за среќа.
Но, има многу повеќе за прославите во Виена отколку пазарите. Најпозната е веројатно Новогодишната патека, која содржи серија настани и концерти што се движат низ центарот на Виена.
Потоа, тука е пешачката улица Грабен, која се претвора во голема сала за танц на отворено, бидејќи локалните училишта за танц ги учат толпите луѓе да играат валцер.
Нова година во Кејп Таун, Јужна Африка
КЕЈП ТАУН, Јужна Африка
Уште една причина да го посетите прекрасниот Кејп Таун е новогодишната прослава таму. Овој прекрасен крајбрежен град во Јужна Африка е домаќин на неверојатен фестивал на крајот на годината што ги прикажува најдобрите аспекти од животот.
По должината на градскиот брег ќе најдете секакви видови бесплатна забава, од музика во живо до циркуски претстави. Потоа, тука се уличните забави како на улицата „Лонг“ во центарот на градот и семејниот концерт во градините „Кирстенбош“. И да не го заборавиме полноќниот огномет на Кејп Таун, најдобро гледан од планината Тејбл, иако ќе треба да возите за да го видите зашто жичницата престанува да работи во 21.30 часот.
Нова година во Хонг Конг
ХОНГ КОНГ, специјален административен регион на Народна Република Кина
Една од најфасцинантните азиски дестинации, Хонг Конг, е и амбиент за една од најдобрите новогодишни прослави на континентот. Пристаништето Викторија е клучен дел од градот, па сосема е очекувано да биде во центарот на вниманието на Новата година. На новогодишната ноќ има сензационални огномети што го осветлуваат небото над пристаништето, кои траат десет минути. Совршен поглед на огнометот се добива од чамец или траект во морето.
Нова година во Берлин
БЕРЛИН, Германија
За да најдете место во Европа за да се забавувате цела ноќ на 31 декември, треба само да погледнете во главниот град на Германија, Берлин. Градот е познат по својот жив ноќен живот, што го прави совршено место за дочек на Новата година. Берлин ја носи забавата на улиците, со голема улична забава. Овој огромен собир трае од попладне до 3 часот наутро и привлекува маса посетители. Се разбира, може да ја поминете вечерта во градските клубови, но тоа ќе значи дека ќе ги пропуштите ласерските претстави и огнометите.
Ова се дел од метрополите низ светот каде што секоја година како и оваа има спектакуларна прослава за новогодишната ноќ, па вреди барем еднаш во животот да ги посетите за Нова година.
Но, за голем дел од европските градови, она што е можеби поважно од новогодишната ноќ, е одржувањето на божикните пазари, кои од година во година се натпреваруваат кои се најубави, најукрасени и најпосетени. Во оваа компарација ќе наброиме некои до најдобрите во Европа.
Греано вино, дрвени куќарки, традиционални јадења и музика, осветлени плоштади, или едноставно речено како од бајка излезени, се многу европски градови во декември. И многу специјализирани магазини и останати медиуми прават листа на најпосетени и најубави божикни маркети низ Европа, а ова се некои од нив.
Божиќен маркет во Брисел, Белгија
БРИСЕЛ, Белгија
Еден од божикните престолнини на светот, Брисел, секоја година привлекува толпа луѓе за единствената свеченост, „Зимски чуда“. Поставката е на монументалниот Гранд плас, кој се смета за еден од најспектакуларните европски плоштади, со накитени еснафски куќи. Освен огромна елка, на пазарот има и лизгалиште, шоу со светлина и звук и препознатливо панорамско тркало. На божикниот маркет има километарски дел од вили покриени со снег, каде што можете да купите свежи вафли, варено вино, белгиски пива и чоколади.
БУДИМПЕШТА, Унгарија
Без сомнение, еден од најубавите божикни маркети во Европа е оној во Будимпешта. Град од бајките со грациозни мостови, шармантни дворови и улици, главниот град на Унгарија има безброј изненадувања за да ве привлече.
„Онаму каде што љубовта ви ја зграпчува раката“, со овој слоган беа отворени вратите на уникатниот божикен саем во Будимпешта. Од 18 ноември до 1 јануари 2023 година, првиот ден од Новата година, пред Св. Стефановата базилика на еден од најимпресивните, најубавите и највозбудливите плоштади во главниот град на Унгарија, ќе најдете вистински гастрономски авантури.
Божиќен маркет во Келн, Германија
КЕЛН, Германија
Четвртиот по големина град во Германија, или „Градот на катедралата“, блеска за време на божикната сезона.
Сцената на целата акција е пазарот на плоштадот под Соборниот храм. Овде, најголемата елка во цела рајнска област зазема централно место. Стотици блескави светла, дрвени тезги, регионални јадења и традиционален рингишпил ги привлекуваат локалното население и посетителите. Понатаму, може да застанете и на Божикниот пазар на ангелите на плоштадот Нојмаркт, а има и лизгалиште и разни сценски изведби.
Божиќен маркет во Гдањск, Полска
ГДАЊСК, Полска
Божикниот маркет во Гдањск се смета за еден од најубавите во Полска. Неверојатниот амбиент на Божикниот саем најмногу го создаваат неговите уникатни пејзажи. За време на Саемот, улиците на Гдањск се претвораат во божикен град. Декорациите за веселба, тезгите со извонредни производи и обемната уметничка програма обезбедуваат секој да најде нешто за себе овде. На саемот има 155 тезги со уникатни подароци, украси и задоволства. Постојат регионални производи засновани на внимателно зачувани семејни рецепти: уникатни ракотворби, украси за домот, природна козметика, топли зимски додатоци и зачини што ќе ве загреат.
Божиќен маркет во Монбелијар, Франција
МОНБЕЛИЈАР, Франција
Mонбелијар е еден од најубавите божикни пазари во Франција. Светски познат по убавината на своите илуминации, овој божикен пазар е традиционален и автентичен. Сместен во Франш-Комте (Источна Франција), градот Монбелијар, добро познат по гостопримството, се претвора во чиста магија неколку недели пред Божик.
Монбелијар организира божикен пазар како ниеден друг град со 140 прекрасни тезги полни со автентични и со висококвалитетни предмети. Шетајќи по осветлените улици, посетителите може да ги пробаат вкусните гастрономски производи од Монбелијар и од Франција, да им се восхитуваат на разновидноста на уметноста и на занаетчиството, да танцуваат на музика и на звук на хорски песни.
Божиќен маркет во Единбург, Шкотска
ЕДИНБУРГ, Шкотска
Впечатливиот град Единбург е преубав со својот драматичен хоризонт, монументален замок, средновековна архитектура, мистериозни ветрови и грациозни градби.
Еден од најдобрите светски традиционални божикни пазари се наоѓа во срцето на центарот на градот. Редици тезги ги искушуваат љубителите на празниците со автентични и занаетчиски производи. Запознајте џуџиња, купете подароци на тема Хари Потер, пробајте локални деликатеси и префрлете се на музички изведби. Надополнете ја екстраваганцијата со возење по 108-метарското око на Единбург. Панорамата е запрепастувачка.
Божиќен пазар во Манчестер, Англија
МАНЧЕСТЕР, Англија
Мултикултурниот Манчестер е познат по своето богато индустриско и поморско наследство и се рангира како втор град во Британија во однос на културното значење. Исто така, има импресивно спортско наследство обележано со два фудбалски тима од светска класа и пофално музичко наследство со еден од најпознатите британски оркестри. Преполн со неоготски згради, одлични музеи и неспоредливи опции за јадење, Манчестер е одличен избор за одмор во градот во Обединетото Кралство.
Градот е домаќин на најдобриот божикен пазар во земјата, каде што над 300 тезги во стилот на вила се распространети низ повеќе локации, привлекувајќи милиони посетители секоја година.
Божиќен маркет во Осло, Норвешка
ОСЛО, Норвешка
Главниот град на Норвешка е впечатлив спој на културни традиции, реномирани музеи и природни убавини. Градот има култура полна со уметност и историја, но исто така е просперитетна метропола и жариште за забави. Во центарот на градот Осло е сместен најголемиот божикен пазар во Норвешка. Украсените тезги, лизгалиште обложено со дрвја, театарот, концертите и возењето во забавен парк ветуваат непрекината забава. Запознајте го и поздравете се со Дедо Мраз и прошетајте низ светкавиот иконски тунел за вистинска норвешка веселба за празниците.
Божиќен маркет во Прага, Чешка
ПРАГА, Чешка
Прага е совршена разгледница од средновековни мостови, величествен замок, антички плоштади и кривулести калдрми. За време на божикниот маркет, плоштадот врие од емисии во живо, концерти со песни и од танцови изведби. Боемски стаклени артефакти, дрвени играчки и разни колачиња се достапни во тезгите. Зачинето варено вино, гурманските специјалитети и бисквитите се мелем за гастрономските нагони.
Божиќен маркет во Салцбург, Австрија
САЛЦБУРГ, Австрија
Најубавиот град во Австрија пленува со своите барокни цркви, средновековни палати, концертни сали, манастири, раскошни градини и антички пазари.
Салцбург е идеален за прославување на незаборавен Божик. Пазарните тезги во стилот на 15. век ги привлекуваат посетителите со слатки штрудли од јаболка и со традиционална музика на ветер. Нурнете длабоко во празничното расположение посетувајќи ги концертите во катедралата или пеејќи песни на улиците.
Божиќен маркет во Талин, Естонија
ТАЛИН, Естонија
Главниот град на Естонија е културно жариште со добро сочуван град со ѕидови исполнет со антички цркви, средновековни улици и аристократски трговски куќи.
Калдрмените улици на плоштадот Таун хол, покриени со снег, се локацијата за најепскиот божикен пазар на континентот. Токму на овој пазар била изложена првата новогодишна елка во Европа во далечната 1441 година. Набавете рачно изработени венци, локални занаетчиски изработки, килими од овча кожа, пред да влезете да го видите Дедо Мраз во неговата зимска пештера.
Божиќен маркет во Загреб, Хрватска
ЗАГРЕБ, Хрватска
Од светските патници божикниот пазар во Загреб има добиено титула за најдобар божикен пазар во Европа. Програмата „Адвент“ на хрватскиот главен град брзо се прошири и допира до сите краеви на градот, со богата програма од настани, концерти, гастрономска понуда, лизгање на мраз, детски активности и многу повеќе, сето тоа осветлено со вкус со празнично осветлување. Оваа година магичната понуда на градот привлече стотици илјади посетители.