Европа најпосакувана дестинација за туристите
Пандемијата со коронавирус успеа туризмот да го доведе речиси на дното. Овој сектор последен пат, ваков пад забележал пред 32 години, во 1989 година. Во 2019 година, бројот на меѓународни патувања во светот го достигнал врвот од 1,47 милијарди, а во 2020т паднал на 401 милиони патувања, покажуваат истражувачките анализи на компанијата „Statista Research Department”.
Најатрактивна за патување и натаму останува Европа. Според податоците на „Statista” од 2005 година, Европа го привлекува најголемиот број на туристи од целиот свет. Но пандемијата со Ковид-19 ги намали турите за околу 68% во 2020 година. Податоците велат дека во 2019 бројот на патувања во Европа бил 746 милиони, а годината потоа, кога вирусот зема замав, 235 милиони. Во азиските земји во 2019 година влез имале 360 милиони патници, но во 2020 само 60 милиони.
Како пандемијата со Ковид-19 влијае врз глобалниот пазар на патувања?
Туризмот како сектор беше најпогоден бидејќи земјите ги ограничија несуштинските патувања, влезот во секоја земја го оптоварија со строги протоколи и бирократија, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Според истражувањата на „Statista”, приходите на глобалниот пазар за патувања и туризам се намалија во 2020 година, опаѓајќи за речиси 60 отсто во однос на 2019 година. Најмалку уплати се забележани за крстарење и пакетите одмор „аll inclusive”. Токму оние понуди што им носеа најмногу приходи на туристичките агенции и хотели.
Колкав е придонесот на БДП од патувањата ширум светот од 2006 до 2020?
Вкупниот придонес од патувањата и туризмот во глобалниот БДП во 2020 година бил приближно 4.671 милијарди долари. Оваа бројка забележа огромен пад во однос на претходните години како резултат на пандемијата со Ковид-19. Во 2019 година изнесувал 9.170 милијарди долари, а во 2018 година 8.810 милијарди долари. Пред 14 години, во 2006 година изнесувал 5.610 милијарди долари.
Извор: WTTC@statistica
Турција со полна пареа работи на туризмот, земјата ќе вложи 35 милијарди долари да привлече повеќе туристи
Предвремените резервации рапидно растат, зголемени за 68%
Кампањите се емитуваат на телевизии во 22 земји низ светот
Турција ќе вложи 35 милијарди долари во секторот туризам во оваа година, посочи министерот за култура и туризам Мехмед Нури Ерсој. Тој е оптимист дека парите ќе бидат вратени назад во буџетот бидејќи предвремените резервации за одмор веќе се во голем број.
„2019 година беше многу добра година, кога Турција прими речиси 51,7 милиони странски туристи, а приходите изнесуваа 34,5 милијарди долари. Сепак, во услови на пандемијата Ковид-19, во 2020 година, пристигнувањата и приходите на странските туристи се намалија на 16 милиони лица и 12 милијарди долари, рече Ерсој во телевизиско интервју на 13. јануари.
Хотел Кондор, Анталија | извор: otelz.com
Туристичките понуди и побарувања лани биле намалени и до 80% за време на пандемијата, бидејќи Турција имало само 68% посетители во однос на претходната година.
„Меѓутоа, како што предвидовме, Турција беше сведок на закрепнување во форма на V во туристичката индустрија во 2021 година.
Минатата година, 29 милиони туристи ја посетија земјата, а приходите изнесуваа 24 милијарди долари“, рече тој, истакнувајќи дека Турскиот статистички институт наскоро ќе ги објави конечните официјални податоци за 2021 година.
Ерсој, исто така, истакна дека резервациите за предвремени одмори веќе се зголемени за 65 отсто во споредба со минатата година.
„Кампањите за промоција на Турција се емитуваат на ТВ во 22 земји. Откако ќе заврши бранот омикрон, резервациите ќе се зголемат. Очекуваме околу 2,5 милиони британски туристи“, посочи Ерсој.
Кападокија
Министерот смета дека сертификатите ќе обезбедат безбеден туризам и посочи дека туристичките капацитети во Турција биле строго проверувани најмалку два пати месечно, а условите за работа се менуваа според појавата на нов сој на Корона вирусот.
„Другите земји усвоија слични шеми неколку месеци откако Турција ги започна, но тие не беа толку успешни како Турција. Всушност, програмата за сертификат за безбеден туризам беше толку успешна што ќе стане постојана и нејзиното име ќе биде сменето во Сертификат за безбеден и зелен туризам во 2023 година“, рече министерот.
Патувања за време на Корона
Корона или не, младите и натаму патуваат низ светот
2021 најпопуларни дестинации: Тајланд, Ирска, Египет, Малдиви и Јужна Африка
Пандемијата не ги спречи младите да патуваат низ светот. Најпогодени гранки од вирусот Корона се двата најбрзорастечки сектори претходно - угостителството и туризмот, но сепак тоа не ги спречи голем број авантуристи да стигнат до посакуваните дестинации.
Условите за патување се отежнати за сите земји низ светот. Потребни се сертификати за вакцинација од одредени производители, негативни ПЦР тестови, а во некои земји и брз антиген тест при излез од сопствената земја и влез во друга. Но овие строги услови за патување не ги спречи младите да патуваат низ светот. Според некои истражувања, најмногу туристи биле застапени од 18 до 35 години.
Податоците на туристичките агенции покажуваат дека патниците се определувале за една од трите опции, а тоа е плажа на подалечни или на помалку познати дестинации.
Статитските велат дека најтрактивни дестинации минатата година за време на пандемијата биле Тајланд, Ирска, Египет, Малдиви и Јужна Африка. Понудите за младите туристичките агенции ги прават според истражувања на социјалните мрежи на Инстаграм и Тик Ток.
Албанија полека но сигурно се враќа како атрактивна дестинација за летување
Мината година ја посетиле 5,6 милиони туристи
Три милиони повеќе туристи влегле во Албанија минатата година споредбено со 2020 година. Според Институтот за статистика, земјата ја посетиле 5,6 милиони туристи. Но, сепак, овие бројки не се доволно големи за да закрепне албанскиот туризам, бидејќи не го достигнал нивото на посетители пред пандемијата во 2019 година. Тогаш приливот на туристи достигнал 6,4 милиони.
Туристите од Косово го спасија туризмот минатата година, со речиси 2,6 милиони граѓани кои дојдоа во земјата, речиси двојно повеќе отколку во 2020 година, кога нивниот број беше значително помал поради рестриктивните мерки поврзани со пандемијата. Тежината на патриотскиот туризам значително се зголеми, надминувајќи ги дури и нивоата од 2019 година, наведува Топ Чанел.
Драч | извор: wikipedia.org
Голем наплив изминатата година има и на полски туристи, со над 112 илјади посетители.
Покрај напорите и желбата да се привлечат што повеќе елитни туристи, повторно оние од регионот доминираат на влезовите во земјава. Споредено со 2020 година, се зголеми бројот на посетители од Црна Гора и Македонија, но и од соседните земји Грција и Италија, оценува Топ Ченал.
Додека земјата се надева на зголемен број туристи, нејзните жители патувале надвор од границите. Според статистиката, по ублажување на рестриктивните мерки од страна на другите држави, повеќе од 4,1 албански државјани отпатувале во други земји, но значително помалку отколку во 2019 година, пред пандемијата, кога нивниот број достигна речиси 6 милиони.
Бугарија им дозволи на македонците да зимуваат во ски центрите но под строга контрола на здравјето
Направени над 100 илјади резервации од Македонија, Србија, Турција и Израел
Строга контрола при влез во Бугарија за сите туристи од Македонија, Србија, Турција и Израел, за да не се затвори пристапот до бугарските зимски центри, повика министерот за туризам во Бугарија, Христо Проданов.
Хотел Кемпински, Банско | извор: kempinski.com
Министерот вели дека оваа зима биле направени повеќе од 100 илјади резервации од граѓаните на овие 4 земји. И доколку се направат рестрикции може да доведе до големи последици бидејќи државата инвестирала многу пари во маркетинг за привлекување на туристи од земјите.
Овие земји првично биле ставени на црна листа на здравствените власти, но со тоа зимската сезона ќе заврши предвреме, затоа Проданов разговарал со министерката за здравство Асена Шербрзова за да се смени одлуката. Одлучиле дека со сертификат и валиден ПЦР тест туристите можат да влезат во земјата.
„Тогаш не треба да има пречка за влез на овие луѓе. Овие мерки важат за сите граѓани на ЕУ. Битката е здравствениот систем да издржи за да има каде да се примаат болните“, рече Проданов.
Проценката на министерот е дека, засега зимската сезона добро се одвива и вака ќе заврши доколку нема итна ситуација поврзана со пандемијата. И очекува оваа сезона да биде значително подобра од претходната.
Србија сака да ја зголеми понудата во бањскиот туризам, бара инвеститори во Дубаи
Организирана трета по ред конференција на ЕКСПО 2020 Дубаи
Србија во потрага по странски инвеститори да вложат во бањски туризам. Власта сака да ја зголеми понудата за туристи во нејзините центри за „Spa & Wellness”. На саемот на светската изложба Експо 2020 во Дубаи, тим од Агенцијата за развој на Србија и ЕКСПО - Србија организираа конференција, која годинава му беше посветена на инвестирањето во бањи и сместувачки и хотелски капацитети со цел зголемување на туристичката понуда.
На пресконференцијата што се случуваше во текот на ЕКСПО - Дубаи, беше прикажани целата понуда на Србија за бањски туризам и големите можности за инвестирање во нови и адаптирање на постоечките сместувачки капацитети.