Универзитетот Скопје доби награда за општествена одговорност кон младите

Универзитетот Скопје доби награда за општествена одговорност кон младите

Универзитетот Скопје изминатата година активно даде подршка за сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да стекнат знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. 525 стипендии  беа доделени во 35 општини ширум земјата, се стипендираа и стотици млади луѓе, талентирани спортисти, а Универзитетот Скопје даде и подршка за најдобрите средношколци.

Токму овој гест и потег за стипендирање на млади, талентирани и успешни луѓе на Универзитетот Скопје му донесе награда за општествена одговорност од страна на групацијата Колор Медиа Плус.

Наградата му беше врачена на ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски кој во обраќањето пред присутните рече дека со овој потег, Универзитетот Скопје сака да ги задржи младите таленти дома, да вложи во нивната иднина, а тие своето знаење да го пренесат во Татковината.

„Многумина политичари често пати знаат да се пофалат дека нивните деца студираат во Солун, но моите деца останаа во Македонија и се образоваа на Универзитетот Скопје. Да ги задржиме младите дома, да ја сочуваме татковината, бидејќи децата се нашата иднина” порача ректорот Миленковски.

Универзитетот Скопје ќе продолжи да стипендира млади луѓе, да создава знаење, да спроведува највисоки стандарди и секогаш да се стреми кон одличност во образованието, бидејќи убавата страна на учењето е тоа што никој не може никому да му го одземе, ниту наученото ниту самиот процес.

Миленковски: „Моите деца се образуваа во Македонија.“

Миленковски: „Моите деца се образуваа во Македонија.“

Универзитетот Скопје кој осумнаесет години создава знаења има добиено и диплома за квалитет од Светската туристичка организација при Обединетите нациии. Целта е да се генерираат успешни кадри во областа на економијата, маркетингот, туризмот и менаџментот, а дипломците веќе се врвни професионалци кои работат во реномирани компании на менаџерски позиции. Стипендиите беа овозможени преку Фондот за стипендирање „проф. д-р Љубе Миленковски“.

„Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот“. Овој цитат на Нелсон Мандела е една од најпознатите изреки за вредноста на образованието. Убавата страна на учењето е тоа што никој не може да ви го одземе.

Ги наградуваме добрите дела: Хуманитарци и компании добија признанија за својата хуманост на роденденот на Убавина и здравје

Организаторите на настанот порачаа дека позитивните дела и потегот на Универзитетот Скопје  е позитивен пример сите во земјава да се одважат и да направат некое добро дело.

На роденденската прослава  наградени беа хуманитарци и активисти кои со својот пример покажуваат одговорност кон општеството.

Награда за општествена одговорност: А1 Македонија.

Награда за општествена одговорност: А1 Македонија.

Награда за општествена одговорност: А1 Македонија

Награда за општествена одговорност доби А1 Македонија за проектот „A1 Academy“, бесплатна академија за млади на возраст од 18 до 25 години, кои по  завршување на секој модул, добиваат сертификат за стекнатото знаење. Академијата е придонесот на А1 Македонија кон младите и кон заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Наградата ја подигна Елена Димовска – раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Награда за општествена одговорност: Универзитет Скопје

Награда за општествена одговорност: Универзитет Скопје

Награда за општествена одговорност: Универзитет Скопје

Универзитетот Скопје изминатата година активно даде подршка за сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да стекнат знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. 525 стипендии  беа доделени во 35 општини ширум земјата, се стипендираа и стотици млади луѓе, талентирани спортисти, а Универзитетот Скопје даде и подршка за најдобрите средношоколци. Универзитетот Скопје сака да ги задржи младите таленти дома, да вложи во нивната иднина, а тие своето знаење да го пренесат во татковината.

Награда за општествена одговорност: Пивара Скопје.

Награда за општествена одговорност: Пивара Скопје.

Награда за општествена одговорност: Пивара Скопје

Третата по ред еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ја покажува моќта на заедништвото и дава можност отпадот да го претвориме во наша зелена иднина. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД инспирира промени, повикува на единство за нешто што е важно и во заеднички интерес на сите нас, а тоа е чист воздух, чиста почва и чиста вода. Пиварци девет месеци континуирано го посветуваат нивното време, ресурси и волонтерски часови во креирање на платформа која ќе ги промени навиките градејќи систем за одржлива животна средина, и ќе создаде партнерства со сите оние со кои ги делиме истите вредности.

Во рамките на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 волонтерите од Пивара Скопје, заедно со останатите партнери и заинтересирани граѓани, на 12 мај го собираа отпадот на локација во атарот на селото Јажинце под општина Јегуновце, во подножјето на Шар Планина. Наградата ја подигна Ламбро Патче, менаџер за односи со јавноста и комуникации, Пивара Скопје АД.

Награда за општествена одговорност: Веледрогерија Септима за брендот Виши.

Награда за општествена одговорност: Веледрогерија Септима за брендот Виши.

Награда за општествена одговорност: Веледрогерија Септима за брендот Виши

Награда за општествена одговорност доби веледрогеријата Септима за влогот и поддршката која брендот Vichy ја дава на кампањата Еуромеланома за превенција и едукација за канцер на кожа. Секоја година под покровителство на брендот се  организираат едукативни предавања со учество на дерматолози кои ја истакнуваат важноста  од внимателно изложување на сонце и превенција на ракот на кожа кој е во постојан пораст. Признанието го прими Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на Vichy во Септима.

Награда за општествена одговорност: Еурофарм

Фармацевтската компанија ЕУРОФАРМ веќе 23 години успешно ја гради својата приказна на професионална и општествено одговорна компанија. „Вложување во заедницата на која и припаѓаме“ е една од основните политики во работењето на ЕУРОФАРМ која во своето портфолио се покажува како верен пријател и поддржувач на културата, спортот, поддршка на еколошки акции за чиста и здрава животна околина и учество во многубројни хуманитарни и донаторки проекти. Од многубројните активности се издвојуваат – покровител на „Мал Битолски Монмартр“ , донатор на спортска опрема за училишта во Велес, годишно продуцирање на 150 000 бесплатни примероци на списанието „Семејно здравје“, верен поддржувач на познатите Македонски тркачки маратони и главен спонзор на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер со што се заокружува огромната поддршка за развој на македонскиот ракомет и спортот воопшто.

Награда за хуманост: Д-р. Горица Дачевска.

Награда за хуманост: Д-р. Горица Дачевска.

Награда за хуманост: Д-р. Горица Дачевска, специјалист, дерматовемнеролог

Д-р. Горица Дачевска e управител на  специјалистичка и дерматолошка ординација Д-р.Горица Ласер Центар. Дама која со години преку  својата работа им помогнала на многу луѓе да ги надминат проблемите со кожата. Таа секогаш им дава предност на малите бебиња и најмладите дечиња, а им  помага на  старите и изнемоштени лица и често врши прегледи кај социјално ранливи категорииe  на граѓани. Минатата година во рамките на Еуромеланома, ординацијата на Д-р.Горица беше отворена три дена за детални бесплатни дерматолошки прегледи на кожата, со акцент за рана превенција/детекција на ракот на кожата.

Награда за хуманост: Максим Каески.

Награда за хуманост: Максим Каески.

Награда за хуманост: Максим Каески

Хуман од мали нозе! Деветгодишниот Максим Каески веќе неколку години пушта коса, бидејќи му се допаѓа да е долга како на некои од неговите идоли, но, уште поважно – за кога ќе порасне доволно долга да ја скрати и да ја донира за перика за дете болно од рак. Сака музика, фудбал и сѐ поврзано со вселената, а се надева дека неговиот пример за донација ќе го следат и други деца. Уште неколку сантиметри па ќе закаже термин на фризер, a потоа би ги повторил целиот процес.

Награда за хуманост: Орце Ѓорѓиевски.

Награда за хуманост: Орце Ѓорѓиевски.

Награда за хуманост: Орце Ѓорѓиевски

Орце придонесе да се изврши реконструирањето на опожарена куќа на социјално-загрозено семејство во село Драчево, донираше дрва и бела техника за социјално-загрозено лице, константно помага со донации на храна. Други значајни реализирани проекти се: отворено и опремено клупче за кои се плаќаат сите тековни трошоци за лицата со церебрална парализа, хуманитарни пакети за лицата од социјален ризик, спасување на куче (Гаро) за кого се платија сите трошици за лекување, помош од сопствени средства за реновирање на прокиснат кров на лице од социјален ризик, донација на инвалидски колички… На сцената се појави Орце Ѓорѓиевски за да ја прими наградата за својата хуманост.

Награда за хуман проект: ТВ-емисија „Срце на дланка“

Проектот со социјално хуманитарен карактер Срце на дланка преку емисијата на ТВ Алфа, веб-порталот и на социјалните мрежи, ги открива горливите трогателни приказни на луѓето кои живеат во субстандардни услови. Луѓе чиј поглед го открива разочарувањето поради неоствареното право на достоинствен живот. Тимот на Срце на дланка отвора нова можност да им се подаде рака од страна на хуманите луѓе, организации и компани кои сакаат да го вратат сјајот во очите на овие луѓе. Признанието го подигнаа Оливера Петрушевска, уредничка и водителка на „Срце на дланка“ и продуцентот Дејан Милошевски во име на Револушн продукција.

Награда за хуманост: Леон и Слаѓана Василески.

Награда за хуманост: Леон и Слаѓана Василески.

Награда за хуманост: Леон и Слаѓана Василески

Големината на човекот се гледа преку неговата хуманост. Таа треба да е доблест на секој поединец. Дел од нашата животна етика. Пример за добри луѓе, пример за хуманитарци и луѓе кои со години ја негуваат емпатијата се сопружниците Леон и Слаѓана Василески од Гостивар кои живеат по принципот на нивното животно мото – „Хуманоста е единствената инвестиција која секогаш се исплаќа”. Луѓе кои знаат дека ако го поделат денарот со останатите, загрозените, социјално ранливите, може нема да бидат побогати, но, ќе бидат посреќни. Зашто љубовта е таа што го движи светот, а, хуманоста е таа што го одржува и прави поубав! На присутните им се обратија и Леон и Слаѓана Василески, брачниот пар кој не остана имун на трогателните приказни споделени во Срце на дланка!

Награда за хуманост: Музичко дуо ДНК, Панчо и Андреј.

Награда за хуманост: Музичко дуо ДНК, Панчо и Андреј.

Награда за хуманост: Музичко дуо ДНК, Панчо и Андреј

Навикнати се на награди и признанија за нивната уметност во овие изминати 20 години на музичката сцена, но паралелно со музиката тие учествуваа но и иницираа голем број хумани дела и акции во овие две денеции. Токму на концертот по повод 20 годишниот јубилеј, дел од собраните средства од влезници и продажбата на нивното ЦД го донираа во Фондацијата Марко Божиновски. Владимир Блажев – Панчо се качи на сцената за да го прими признанието.

Награда за хуманост: Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Награда за хуманост: Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Награда за хуманост: Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес

Ова здружение е хуманитарна, непрофитна организација, формирана на 1997-та година од страна на лица со попреченост и нивни родители. Ова здружение брои околу 100-тина лица, а главната визија им е да се постигне општество со еднакви можности за сите, без бариери и ограничувања. Дел од нивните активности е и социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“, која има обучено и вработено бројни негуватели и стручни работници. Признанието го подигна Далиборка Златева – претседателка на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, која ги трогна гостите со својот емотивен говор, а наградата му ја посвети на својот прерано починат син, кој исто така бил лице со церебрална парализа.

Специјално признание за најинспиративна приказна: Лила Филиповска.

Специјално признание за најинспиративна приказна: Лила Филиповска.

Специјално признание за најинспиративна приказна: Лила Филиповска

Во работата на медиумите најважни се приказните, ексклузивите, а паралелно со нив и тиражите. Токму затоа, за 15-годишниот јубилеј на Убавина&здравје беше доделено и едно специјално признание: награда за најчитано, најбарано, најтиражно издание. Наградата ја доби дамата што го овозможи тоа споделуваќи ја својата инспиративна, лична приказна со Убавина&здравје, а преку нив и со огромниот број читателки и читатели. За неа откажувањето никогаш не било опција – тоа е Лила Филиповска! Познатата водителка им се обрати на присутните со инспиративен говор и го подигна признанието.

Image
Newsletter